Избодено со нож момче во центарот на Скопје. Во обид да се спаси од тепачката која започнала пред Универзитетската библиотека момчето избегало кон Музејот на ВМРО каде полицијата го пресретнала.
Откако било забележано дека е ранет и изнемоштен го пренеле во Градската болница каде се извршува хируршка интервенција.
Се започнало вечерва околу 19 часот пред Универзитетската библиотека кога поголема група од околу 15 млади луѓе нападнала пет момчиња од Битуше, Делчево и Пехчево, при што 21 годишниот А.В од Делчево бил прободен со нож во грбот, информираше МВР.