НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Блокади од обилните снежни врнежи во Албанија, косовската полиција со истрага за натписот „Вагнер“ во Митровица

0
By Ана Василевска on January 23, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во албанските медиуми денеска преовладуваат вести за  блокадата на цели општини и патишта во северниот дел од Албанија, а во Косово фокусот е на српско-косовскиот договор. Во продолжение е изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од темите во албанските медиуми во регионот.

ТОП ЧАНЕЛ: Снегот на северот на Албанија ги затвори  училиштата, на оската Ќафе Торе-Тет лавината го блокира патот

„Четврти ден по ред Тет и понатаму е блокиран на двата патни правци.

На оската кон Мола е Шошит има одрони, а патот се уште не е расчистен, додека во Ќафа е Торес состојбата со снег е влошена.

На ова подрачје има над 5 метри снег како последица на лавините кои продолжуваат. Последната, синоќа, само ја прошири картата на блокираниот пат. “, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

ГАЗЕТА ТЕМА: 13 училишта од областа Скадар нема да започнат со настава во понеделник

„Министерката за образование и спорт Евис Куши преку објава на Фејсбук  најави дека наставата ќе продолжи нормално во некои училишта во земјава.

Притоа истакна дека часот нема да се одвива само во 13 училишта од управната единица Скадар. Како последица од обилните  снежни врнежи.“, пренесе албанскиот медиум Газета Тема.

КОХА: Полицијата покрена истрага за натписот „Вагнер“ во Митровица

„Косовската полиција покрена истрага за случајот со натписот „Вагнер“ на ѕидовите на училиштето „Азиз Сулејмани“ и Здравствениот дом во Кодра е Минаторите во Митровица.

Во полицискиот извештај беше кажано дека за случајот е известен и старателот обвинител, додека засега не се знае кој го сторил ова кривично дело.“, пренесе косовскиот медиум Коха.

РТК: Европскиот план ја предизвикува Србија

Прифаќањето на концептот на европскиот план, освен за едно прашање, значи дека Србија е подготвена да разговара како да избегне замрзнат конфликт, изјави премиерката Ана Брнабиќ. Според неа, Србија мора да донесе некои тешки одлуки и дека планот ќе се разговара во институциите, пренесува косовскиот медиум  РТК.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Протести во Приштина против изјавите на премиерот Курти

„На плоштадот „Скендербеу“ во Приштина започнаа протести поради изјавите на премиерот Албин Курти за српскиот политичар Оливер Ивановиќ.

Во знак на протест беше најавено дека децата на мачениците на Ослободителната војска на Косово ќе протестираат против изјавите на премиерот Албин Курти за починатиот српски политичар Оливие Ивановиќ со мотото „Преминере, не гази по нашата крв! ” Стоп, отстапување на историјата“, јави косовскиот медиум Газета Експрес.

Д. Тахири

Извор Цивил Медиа

Албанија Избор од албански медиуми Протести во Приштина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.