Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми – Фемицидот во Косово: Жените се убиваат затоа што се жени, отворено писмо до Курти, младите Албанци повеќе сакаат да се идентификуваат како западњаци

0
By Ана Василевска on December 1, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Робели: Жените се убиваат затоа што се жени!

„Убивањето жени не е убиство поради „проблеми“ или „љубомора“. Жените се убиваат затоа што се жени. Ова се нарекува фемицид. На Косово му треба востание против ова специфично и токсично насилство врз жените. Да, востание затоа што ова насилство има потенцијал да остави долгорочни и непоправливи последици за целото општество.“, Енвер Робели во колумната Жените се убиваат затоа што се жени!

БОТА СОТ – Отворено писмо до Курти: Кога ќе преминеме на белата страница?

„Почитуван  премиере Курти, овој настан (убиството на жената и нејзиното неродено бебе) е многу болен, со библиски размери, и секако дека на ова треба да се стави крај. Ние како општество мора да го знаеме изворот на ова зло, од каде доаѓа, бидејќи не е само еден случај, туку случаите на насилство врз жени и девојки веќе станаа сериски – секојдневие. Прво, мора да знаеме дека сите овие убиства го наоѓаат својот извор во обичајното право или во голема мера доаѓаат од  општествени норми кои се разбира веќе постојат напишани/кодификувани во Канонот, но, се во спротивност со законите на Република Косово, ЕУ итн. Значи, треба да има реформи во образованието, воведување на предметот етика или обичајно право, што треба да се изучува во училиштата и, секако, на културолошките студии на факултет.“, извадок од отвореното писмо до косовскиот премиер Албин Курти, од Зејнулах Јакупи „Кога ќе преминеме на белата страница“.

АБЦ: Албанците денес повеќе сакаат да се идентификуваат како западњаци отколку како Албанци

„Не го почитуваме денот на знамето како што треба. Албанците денес повеќе сакаат да се идентификуваат како западњаци отколку како Албанци. Ги учиме децата за Ноќта на вештерките на 28-29 ноември. За ова сите сме виновни“, изјави режисерот Кастриот Чипи во емисијата „Бело и црно“ на АБЦ.

Д. Тахири

Извор/Цивил медиа

Албански медиуми Албин Курти Фемицид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.