НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Уапсени 4 косовски полицајци за инцидентот во Лепосавиќ, САД загрижени, Српска листа реагираат на реакцијата на САД

0
By Ана Василевска on April 12, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Косово се уапсени 4 полицајци за непријавување и учество во ранувањето на лице од српска националност во Лепосавиќ, од амбасадата на САД во Приштина изразија загриженост за случувањата на северот, Српската листа реагираат на реакцијата на САД.

Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО 

Коха: Уапсени 4 полицајци суспендирани поради инцидентот на северот на Косово

„Инспекторите на Полицискиот инспекторат на Косово уапсија четворица полицајци кои синоќа повредиле едно лице во Лепосавиќ.

Од ПИК соопштуваат дека врз основа на досега обезбедените информации и докази суспендирани се четворица полициски службеници, тројца службени лица кои не го пријавиле случајот и едно службено лице за непријавување и за негова вмешаност во случајот.“, пренесе косовскиот дневник Коха.

АБЦ -Ховениер: САД се загрижени за инцидентот во Звечан

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД се загрижени за инцидентот на северот на Косово.

Преку објава на социјалните мрежи, Ховениер изјави дека институциите на косовската полиција мора да спроведат целосна и сигурна истрага.

„САД се загрижени поради инцидентот во кој синоќа во Звечан беше застрелан косовски Србин. Официјални лица и институции на косовската полиција мора да спроведат темелна и веродостојна истрага. Длабоко сме вознемирени од првичното демантирање направено без должно внимание.“, изјави Ховениер, пренесе косовскиот медиум АБЦ.

Сури нет: Српската листа излезе со реакција на Ховениер

„Српската листа е длабоко загрижена бидејќи американскиот амбасадор во Косово, г. Ховениер е загрижен. Наместо јасно да го осуди обидот за убиство на Милан Јовановиќ синоќа на „нелегалниот пункт“ на „параполициските“ единици на Курти на мостот на Бистрица, тој е загрижен“, се тврди во соопштението на Српска листа, пренесе Сури нет.

АЛБАНИЈА 

Факс Веб: СПАК распиша потерница за лице осомничено за  тероризам во Албанија

„Едно лице е уапсено по наредба на СПАК откако е обвинето за повикување и поттикнување терористички напади.

Уапсениот е Гентиан Чолаку, а вчера по неколкумесечни истраги за неговата сомнителна активност му беа ставени лисици.

Според СПАК, постојат основани сомнежи врз основа на докази дека Чолаку сторил кривично дело „Поттикнување, јавен повик и пропаганда за извршување на дела со терористички цели“, предвидено со член 232/а од Кривичниот законик.“, пренесе Факс Веб.

Сури: Над 70 отсто од Албанците кои побарале азил во Британија биле на возраст под 29 години

„Конечните податоци што ги објави Канцеларијата за имиграциска статистика, Велика Британија и обработени од „Монитор“ покажуваат дека вкупниот број на барања за азил од албански државјани во Обединетото Кралство изнесува 15.925, што претставува рекордно ниво за оваа земја.

Вкупно, 72% од пријавените или 11,3 илјади млади луѓе биле во возрасната група до 29 години.“. пренесе Сури.

КОЛУМНА

Економиа онлајн: Владата на Косово мора да признае дека направи сериозна грешка на север и да ги врати на работа српските полицајци и судии

„Време е да заврши играта на Владата на Северот, бидејќи е јасно дека оваа игра и оди во прилог на Србија веќе две години. Полицајците треба што поскоро да се вратат од север, а полицајците, обвинителите и Српските судии и владата да признаат дека направиле сериозна грешка и непотребно ја загрозуваат  безбедноста на Косово и нашите сојузници.“, извадок од колумната „Владата на Косово мора да признае дека направи сериозна грешка на север и да ги врати на работа српските полицајци и судии“, од авторот Сали Реџај, објавена во дневникот Економиа онлајн.

Д. Тахири

Извор: Цивил Медиа

Избор албански медиуми Косово САД Српска листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.