Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборен фолклор – каква реторика се очекува во кампањата

0
By Нова ТВ on November 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 11, 2019 12:13

Партиската машинерија на терен – неформалната кампања веќе е во полн ек. Според аналитичарите ова се избори кои ќе траат “најдолго“ бидејќи датумот за нивно одржување е познат седум месеци однапред. По бриселското фијаско, власта реши да ја тестира својата доверба, а опозицијата прифати да влезе во изборен циклус со надеж дека разочарувањето што го донесе француското“не“ ќе се фактурира на контото на опозицискиот блок, пишува неделната анализа на Порталб. Но, аналитичарите предупредуваат  дека овие избори ќе бидат едни од најнеизвесните а партиите ќе мора да понудат нешто релано и остварливо на веќе презаситените и сензитивни гласачи.

Надуван балон со ветувања или реална програма и понуда – како да се мотивираат разочараните 

Власта треба да ги убеди гласачите дека Македонија нема друга алтернатива освен европската а опозицијата треба да објасни како ќе ги поддржи евроатланските интеграции чија пат поминува преку Преспанскиот договор. Аналитичарите коментираат дека на претстојните предвремени парламентарни избори сите политички играчи ќе имаат макотрпна задача да ги мотивираат  неопределените, но и дел од своето гласочо тело кое демонстрира разочараност.

“Се чини дека „големата тројка“ сеуште не е свесна за големината на овој предизвик. Тие и понатаму се свртени само кон своите симпатизери, упорно „хранејќи“ ги со пораки кои само тие ги разбираат целосно и кои се наменети да го зацврстат чувството на припадност кон некаква си партиска елита, а истовремено да го оцрнат својот замислен противник од спротивниот табор. Со таквиот начин на комуникација и однесување тие всушност создаваат свој паралелен свет кој се повеќе се „одлепува“ од реалниот во кој живеат партиски неопределените граѓани“ – вели за “Порталб“ Гоце Пачемски, експерт за односи со јавноста.

Претстојат избори на кои партиите треба да истрачаат на терен во услови кога едните не ги оставрија ветувањата а другите не успеаја да се одлепат од “багажот“ што го носат од минатото со печат на криминал, коментираат аналитичарите.

“Ќе не чека една чудна изборна кампања. Очигледно е дека СДСМ во овој момент нема што да понуди, исполнија многу малку ветувања од нивната изборна програма „За живот“, па оттука и нивната сегашна кампања е претворена во бледа копија на кампањите на ВМРО ДПМНЕ под раководство на Груевски. Организирањето на трибини со говори беа секојдневие во едно не така далечно минато и имаа за цел да го чуваат стравот на „лидерот“. За разлика од тие трибини овие изобилуваат со омраза, невкусни коментари и гестикулации, кои и не доликуваат на однесување на еден премиер на држава. СДСМ и Заев мора да сфатат, дека надвор од нивните бизниси и рекети, граѓанит имаат секојдневни проблеми за кои се потребни системски решенија, а не ефтин политичи театер и пропаганда“ – вели Самоил Малчевски, член на ВМРО ДПМНЕ, но од реформаторското крило што се залага за промени во партијата.

Малчевски вели дека и опозициската Вмро-Дпмне донесе разочарување кај нејзиното гласачко тело.

“Што се однесува до ВМРО ДПМНЕ, во овој момент партијата води умерена теренска кампања во која се обидува да се доближи до секојдневните проблеми на граѓаните. Но главна грешка на ВМРО ДПМНЕ е што не промовира луѓе, експерти, кои ќе бидат носители на изборната победа, а потоа и според нив обновата на Македонија. Доколку партиското раководство сака да ја добие довербата на граѓаните, треба да делува во неколку насоки. Најпрво мора да се дистанцира од лошите политики на претходното раководство и од дел од кадрите кои сеуште се во партиските тела, а кои бие дел од тие лоши политики или ги спроведуваа“ – оценува Малчевски.

Она што е заедничко речиси за сите поголеми партии и од владејачкиот и опозицискиот блок е тоа дека ќе треба да се соочат со разочарано гласачко тело на кое му се подготвува нов “надуван балон на ветувања“.

“Како поинаку може да се толкуваат пораките кои доаѓаат од сегашната најголема опозициска партија, за некаква си ревизија на Договорот од Преспа, а потоа и на Уставот (АКО освојат 80 пратенички места во Собранието), по рецептот на довчерашната опозиција во Грција, која откако дојде на власт ја смени реториката и ја прифати реалноста и Договорот. Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ не успева да види дека неопределените гласачи им треба јасна порака дека партијата ги научила лекциите и расчистила со грешките и скандалите од своето претходно владеење. Наместо тоа, тие се обидуваат и понатаму да го „дуваат балонот“ раскажувајќи приказни за некаков си економски бум во првите 100 дена од владеењето, иако на сите разумни луѓе, какви што се неопределените гласачи, им е јасно дека за економски развој не се постигнува со „чуда“, туку со темелни реформи на правосудството, администрацијата, образованието“ – смета Пачемски и додава:

“Изгледа ниту актуелните владејачки партии не ја научиле лекцијата. Наместо да ги „засукаат ракавите“ и да ги натераат нивните раководни луѓе, распоредени по институциите на локално и национално ниво, навистина да почнат многу поенергично и посериозно да го остваруваат ветеното од минатите изборни циклуси, тие одлучија, барем засега, да се фалат со некакви си успеси и да нѐ храбрат дека сме биле на правиот пат. Во услови кога Патот, барем засега, изгледа многу замагленo, актуелните владејачки партии ќе треба да почнат да ја менуваат комуникацијата, преку пораки и начин на однесување кои ќе им даде на гласачите, особено на неопределените, појасна перспектива за иднината“ –

Математички, од првите избори во самостојна и независна Македонија, во земјава се спроведуваат изборни циклуси ( паралментарни редовни и предвремени, локални и претседателски) речиси на 1,5 години а само од 2016 та заклучно со следната 2020 та, во земјава секоја календарска година се спроведува по еден изборен циклус, вклучувајќи го Референдумот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.