Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборен ТВ дуел: Меркел vs Штајнбрик

0
By Нова ТВ on September 2, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Единствениот предизборен телевизиски дуел од 90 минути, кој го водеа четворица модератори, на канцеларката Ангела Меркел и нејзиниот ривал од СПД, Пер Штајнбрик протече мирно, како и всушност самата изборна кампања досега, jавува Дојче Веле.

-На Германија денес и оди подобро отколку пред четири години, изјави сојузната канцеларка Ангела Меркел на почетокот на ТВ-дуелот.

Заслугата за тоа, спроед неа, ја има владата составена од нејзината Христијанско-демократска унија и Либералите.

Владата успеа да отвори работни места и земјата безбедно да ја води низ кризата, гласеше самосвесниот став на Меркел, која настапи во црн костум и ѓердан во црна, црвена и златна боја, боите на германското знаме.

Канцеларката ги отфрли критиките на својот предизвикувач на изборите, Пер Штајнбрик, за новите задолжувања од 100 милијарди евра во последните 4 години. Не би требало Германија да биде претставувана во полоша светлина отколку што е вистински, реагираше канцеларката на обвинувањето.

Штајнбрик акцент стави на социјално-политичките теми, упорно инсистирајќи на воведување општоважечка минимална сатнина од 8,50 евра во земјата, со цел вработените со полно работно време да не мора да бидат зависни од дополнителна државна помош.

Социјалдемократската партија има поинаков став од ЦДУ, токму затоа Штајнбрик, кој според анкетите значително заостанува зад Меркел, постојано ја истакнуваше, анализира Дојче веле.

Штајнбрик употреби остри зборови против Меркел во однос на нејзината политика кон Грција:

-На Грците не смее постојано да им се наметнува консолидирањето, на земјата и‘ се потребни економски имулси за повторно да застане на нозе“, критикуваше Штајнбрик. Ако Грција има потреба од трет пакет финансиска помош, тоа е знак за неуспешна политика на германската влада. Меркел контрираше – токму црвено-зелената влада на социјалдемократот Герхард Шредер беше таа што даде согласност за прием на Грција во еврозоната, и покрај тоа што во тоа време земјата не ги исполнувала потребните предуслови.

Меркел планира по 22 септември, денот на изборите, да ја продолжи коалицијата со досегашниот партнер Партијата на либералите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

ВЕСТИ October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа наводно го отфрлил мировниот план на американскиот…

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

October 2, 2025

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.