Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЗБОРИ 2024 – Излези и гласај!!

0
By Marija Todorovska on April 12, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 12, 2024 09:15

НОВА во повеќе дневни продолженија и со посебни тематски наслови објавува серија содржински сегменти од едукативната публикација на ЦИВИЛ – Центар за слобода „СЀ ШТО САКАВТЕ ДА ЗНАЕТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ“ посветена на јакнење на јавната свест, едукација и мобилизација на граѓанките и граѓаните за подобрување на изборните процеси.

Едукативните текстови на авторскиот тим на Цивил се посветени на различни аспекти на изборните процеси како за организацијата на изборите, избирачката администрација, изборните материјали, избирачкиот список, гласачките ливчиња, кампањите, изборниот молк, можни нерегуларности во процесот и на повеќе други аспекти. 

Серијал на НОВА: Избори 2024 – Излези и гласај!!                                                                                        

Изборен молк:

Изборниот молк стапува на сила ден пред гласање , односно на полноќ  пред денот на гласање кога и завршува изборната кампања. Молкот трае до 19 часот на денот кога се гласа, односно до затворањето на гласачките места.

Тоа подразбира дека ширење на пропаганда, партиско агитирање, поткуп на гласачи, водење кампања и други прекршувања на Изборниот законик се строго забранети. 

Референдумскиот молк, пак, трае 24 часа подолго. Во текот на денот на изборниот молк, гласаат лицата во казненопоправните установи и притворите, внатрешно раселените лица и болните и немоќните. 

За време на изборниот молк се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитување на какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите; какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите; податоци со кои што го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

изборен молк Избори 2024 излези и гласај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.