По неколкучасовни преговори во Клубот на пратеници, четворицата лидери потписници на договорот од Пржино, се договорија изборите да се одржат на 11 декември.

До крајот на неделата ќе се гласа преодна влада, која што ќе раководи се до изборот на новата влада на овие предвремени парламентарни избори.

Преодната влада ќе биде во ист формат како и претходно, односно опозицијата ќе назначи министри во МВР и во труд и социјална политика, како и заменик-министри во финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.

Според извори на НОВА, министер за внатрешни работи повторно ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ.