Парламентарните избори во Австрија се одржуваат денеска и пред 6,4 милиони Австријци на гласачкото ливче се девет партии.
Фаворит во поголем дел од предизборната кампања беше Социјалдемократската партија, која победи и на претходните избори во 2008 година. Нејзиниот лидер, австрискиот канцелар Вернер Фајман, повторно има големи шанси да ја предводи и следната Влада.
Според анкетите можност за надминување на прагот од четири проценти за влез во 183-члениот парламент имаат само седум од нив.
Гласачките места отворија во седум часот по локално време. Гласањето ќе продолжи до 17 часот, а првичните резултати ќе бидат познати нешто подоцна.