Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Белорусија: Жената која го предизвикува Лукашенко

0
By Нова ТВ on August 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една изборна трка во Белорусија одамна не била толку интересна како оваа. До неодамна сè’ укажуваше на уште една рутинска победа на авторитарниот претседател Александер Лукашенко на претседателските избори во земјата.

Шеесет и пет годишниот поранешен директор на големо советско земјоделско претпријатие владее со поранешната советска република од 1994 година. Поради неговиот раководен стил од западните медиуми е нарекуван „последниот европски диктатор“ и го бие глас дека ги има цврсто в рака и земјата и луѓето.

Но, овие избори фрлаат сомнеж во тоа. Земјата на источната граница на Европската Унија (ЕУ) се менува драматично. Десетици илјади луѓе со недели протестираат бараат крај на владеењето на Лукашенко. Сцени на кои 9,5 милиони Белоруси досега не навикнале. Затоа што Белорусија со децении важеше за стабилна до делумно заспана постсоветска република која опстојува во сенка на Русија. Промена на власта се чинеше невозможна, опозицијата беше раскарана, а населението не се бунтуваше благодарение на релативната благосостојба.

Светлана го кажува она што многумина го мислат

Тие времиња се чини се минато. „Доста ми е од молчење“, изјави кандидатката за претседател, Светлана Тихановскаја на еден од протестните собири во Минск кон крајот на јули. Триесет и седум годишната домаќинка на бината делуваше несигурно, но речениците кои ги читаше од еден лист хартија очигледно го отсликуваа она што го мислат многумина.

Тихановскаја стана симбол на противниците на Лукашенко. Таа се вклучи во претседателската трка, откако нејзиниот сопруг, омилениот видео-блогер Сергеј Тихановскиј, не доби дозвола за кандидирање. Младата жена всушност воопшто не сака да биде претседателка. Таа најави дека во случај на изборна победа ќе распише нови демократски избори.

Колку може Тихановскаја да биде опасна за Лукашенко е тешко да се процени. Не постојат независни истражувања на јавното мислење за вкупно петте кандидати кои добија дозвола да влезат во изборна трка. Државните медиуми тврдат дека Лукашенко е омилен кај 70 отсто од Белорусите.

Некои опозициски политичари и медиуми, пак, ја застапуваат тезата дека вистинскиот рејтинг на претседателот може да се изрази со едноцифрен број. Независно набљудувачко тело, исто така, не постои, зашто Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) овојпат не доби покана.

Помалку благосостојба, повеќе протести

За разлика од соседна Украина, населението во Белорусија долго време важеше за пасивно. Тоа, меѓу другото, се должеше на релативно успешната економска политика на Лукашенко, која профитираше од блискоста со Русија која опфаќаше и кредити. Лукашенко меѓу народот доби прекар „Батка“ (нагалено за татко), неговиот патернализам имаше добар одек.

Но, во текот на изминатите години овој модел ги покажа своите слабости. Меѓу Белорусија и Русија постојано има кавги околу доставувањето на енергија. Благосостојбата на Белорусите се намали, а подготвеноста да се протестира се зголеми.

Улогата во предизборната трка веројатно одигра и односот на Лукашенко кон короната. Претседателот на почетокот ја исмеваше болеста и ја игнорираше. Тој препорачуваше вотка и посета на сауна и се откажа од прогласување карантин ширум земјата, сe додека на крајот на јули не се разболе и самиот од коронавирус.

Политичкиот пресврт почна да се наѕира на средината на мај, кога двајца претставници на владеачката елита најавија свои кандидатури на претседателските избори. Првиот од нив, Виктор Бабарико, беше долго шеф на „Белгазпромбанк“, фирма-ќерка на рускиот енергетски џин „Гаспром“. Вториот, Валериј Цепкало, е поранешен дипломат и раководител на еден технолошки парк.

Двајцата предизвикувачи се покажаа како големо изненадување во предизборието. Но, и покрај нивната популарност, не стигнаа далеку. Нивните кандидатури не добија дозвола. Бабарико беше уапсен поради наводно економско кривично дело, а Цепкало наводно ја напуштил земјата.

Москва и Минск се раскарани

На поранешните претседателски избори во Белорусија, традиционално имаше геополитичка поделба на улогите – Лукашенко пледираше за интеграција со Русија, додека опозицијата се залагаше за приближување до Западот. Во моментов таква јасна поделба нема.

Односот со Русија важи за тензичен, меѓу другото и затоа што Лукашенко овојпат се спротивставува на уште потесна интеграција. Освен тоа, претседателот ја обвинува Москва дека се вмешала во белоруските работи и дека им дала поддршка на опозициски кандидати.

Внимание пред изборите предизвика и апсењето на 33 Руси кои во Белорусија беа опишани како „платеници“ на наводно приватна руска борбена единица. Белоруските власти ги обвинуваат уапсените дека подготвувале масовни немири. Москва тоа го демантира.

Пад на Лукашенко сè уште се смета за неверојатен, но сега веќе не изгледа и невозможен. Шефот на државата никогаш не се стеснуваше од одбрана на својата моќ со насилство. Протестите по претседателските избори во 2010 година беа брутално задушени, а опозициските лидери беа уапсени. Тогаш Западот реагираше со санкции кои беа укинати дури пред неколку години. Дел од набљудувачите сметаат дека и сега веќе може да се наѕрат контури на полициска држава.

Александар Лукашенко Белорусија претседателски избори Светлана Тихановскаја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.