Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Црна Гора: ПЕС 23 мандати, ДПС 21, девет од 15 листи влегуваат во парламентот

0
By Соња Крамарска on June 12, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вчерашните вонредни парламентарни избори во Црна Гора првото место го зазеде Движењето Европа сега (ПЕС), следува коалицијата околу Демократската партија на социјалистите (ДПС), покажуваат податоците на Мониторинг центарот (ЦЕМИ) врз основа на 99 отсто од обработениот примерок.

Движењето Европа сега, предводено од поранешниот министер за финансии Милојко Спајиќ, освои 25,6 отсто од гласовите и, според ЦЕМИ, ќе има 23 мандати во парламентот.

Коалицијата „Заедно“ околу ДПС, предводена од вршителот на должноста претседател на партијата Данијел Живковиќ, освои 23,8 отсто од гласовите и ќе има 21 мандат. Во таа коалиција со ДПС се социјалдемократите (СД), Демократскиот сојуз на Албанците (ДУА) и Либералната партија (ЛП).

Третото место го зазеде коалицијата „За иднината на Црна Гора“ со 14,8 отсто од гласовите и ќе има 13 пратеници. Тој сојуз го сочинуваат тројца членови на Демократскиот фронт, Новата српска демократија (НОВА) на Андрија Мандиќ, Демократската народна партија (ДНП) на Милан Кнежевиќ и Работничката партија.

Коалицијата на Граѓанското движење УРА на техничкиот премиер Дритан Абазовиќ, и Демократска Црна Гора, Алексе Бечиќ, поранешен претседател на парламентот, освои 12,3 отсто од гласовите и ќе има 11 пратеници.

Според податоците на ЦЕМИ, во парламентот треба да влезе и коалицијата на Социјалистичката народна партија (СНП) и ДЕМОС, која доби 3,3 отсто од гласовите и три мандати.

Пратениците ќе имаат и четири малцински листи, Бошњачката партија (6,9 отсто од гласовите и шест мандати), Албанскиот форум (2,0 отсто и два мандата), Албанската алијанса (1,4 отсто и еден мандат) и Хрватската граѓанска иницијатива (0,6 проценти и еден мандат).

Според податоците на Мониторинг центарот, на гласање излегле 56,7 отсто од гласачите, значително помалку отколку на претходните црногорски избори одржани во последните седум години.

Според прелиминарните податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), врз основа на 100 отсто од обработениот примерок, Движењето Европа сега освои 26 отсто од гласовите, коалицијата „Заедно“ (ДПС-СД-ЛП-ДУА) 23 отсто , алијансата „За иднината на Црна Гора“ (НСД-ДНП) 15,1 отсто, а коалицијата на Бечиќ и Абазовиќ 13 отсто.

Според податоците на ЦДТ, Бошњачката партија има 6,8 отсто од гласовите, Албанскиот форум добил 1,7 отсто, Албанската алијанса 1,5 отсто, а Хрватската граѓанска иницијатива 0,7 отсто.

С.К.

избори резултати Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.