Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите поминаа, уставните измени се на ред

0
By Zoran Ivanov on October 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 20, 2025 10:31

Чуму тогаш, барање за “нова одлука” на советот, после “дадените гаранции”, кои беа експресно и авансно искомпромитирани од нашата владино-опозициска партократија “загрижена за идентитетот” преку европскиот парламент и од страна на бугарското собрание пред неколку месеци; кога оваа актуелната одлука од 2022 година е јасна и без никакво дополнително вето, за нас? Зарем свесно се бара (иако сме во позиција да исполниме барање, а не да бараме било што); ново одлучување кое е со консензус кој е веќе постигнат, со потенцијален ризик од ново вето?

Никица Корубин

Согласно искуството од релацијата на досегашната градоначалничка на Скопје vis a vis партијата која ја предложи; кристално јасно е дека мнозинството во советот – а не градоначалникот per se – е клучен за “прогласување победа”. Идеалната комбинација, градоначалник + совет – како што е случајот со општина Чаир на пример – ја дава вистинската политичка сила и независност. Која, ќе видиме како ќе биде искористена, од страна на актуелниот вице-премиер Изет Меџити, кој се врати на изворната сила и моќ, многу поголема од актуелната, инаку уставно посилна позиција на извршна власт.

Особено силна во нашата партократија, каде што иако партиите ги водеа предизборните процеси (како и “заробената држава” впрочем), “наездата” на пост изборни анализи, сложно и обединето се фокусираат на “кандидатите” и “наративите”, наместо на суштината: колку вкупно освои секоја партија поединечно, како единствен репер на процесите и меѓусебните релации на “прелевање” на гласовите.

Па, да видиме како секој стои со “легитимитетот” што би рекле ДУИ, кои патем речено, според нивни изјави имаат на национално ниво повеќе гласови од ВЛЕН, како што впрочем лесно се воочува од мнозинствата во советите. “Легитимитет” мерен споредбено и со парламентарните и претседателски избори од пред година и половина, но и со претходните локални избори, откога реално започна падот на излезноста која кулминира овој циклус, и која всушност е ориентационата точка и предуслов за било каква кредибилна анализа. Кога неизлезноста е поголема од излезноста, таа зборува најгласно.

Што не’ враќа на суштината – ако изборите се редовниот изговор за нечинење, во случајов самоблокадата со уставните измени – дали изборите кои поминаа (советите се веќе формирани, а тие управуваат со општините), ја “отстранија” и последната пречка за уставни измени? Дали моќта е доволна голема, а “легитимитетот” доволно јасен или не? И дали мнозинската неизлезност суштински ја делегитимира јавната и прикриена анти-ЕУ и анти-НАТО суштина на партискиот и партократскиот естаблишмент, вклучително и на “алтерантивата” во форма на “анти-естаблишмент” партија која е всушност на иста антиевропска линија со “естаблишментот”?

“Повторувањето е мајка на знаењето” (Repetitio est mater studiorum) вели латинската поговорката, па да се потсетиме на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен од минатата недела – “Следниот и единствен чекор пред почетокот на преговорите е јасен, треба да ги направите договорените уставни измени”.

Која дојде, многу веројатно и како јасна позиција на ЕУ, но и своевиден “одговор” на наративот “за внатрешна употреба” на премиерот (во име на “заробената држава”), а можеби и за надворешна употреба, дека – “Европскиот совет, ако навистина сака да ја види оваа мала земја како дел од Европа, мора да испрати заклучок уште на следниот Европски совет во којшто јасно ќе кажат дека никој од нив нема проблем со посебниот македонски идентитет, со македонскиот јазик кодофициран пред 80 години и со повеќевековната култура и традиција”.

Само што изјавата на Фон дер Лајен е всушност повторување на актуелната, важечка и единствена одлука на Европскиот совет од 2022 година – која се крие од јавноста како најголема тајна – дека преговорите започнуваат веднаш и без одлагање или што би рекла Фон дер Лајен се “единствен чекор”, откога ќе се направат уставните измени.

Чуму тогаш, барање за “нова одлука” на советот, после “дадените гаранции”, кои беа експресно и авансно искомпромитирани од нашата владино-опозициска партократија “загрижена за идентитетот” преку европскиот парламент и од страна на бугарското собрание пред неколку месеци; кога оваа актуелната одлука од 2022 година е јасна и без никакво дополнително вето, за нас?

Зарем свесно се бара (иако сме во позиција да исполниме барање, а не да бараме било што); ново одлучување кое е со консензус кој е веќе постигнат, со потенцијален ризик од ново вето? Белким не “развивме зависност од вето”, па ни’ треба било какво вето за да може одговорноста – за загрозената сегашност и иднина на нормално, функционално и европско општество – нашиот естаблишмент на “заробената држава” распослан низ партиите; да ја префрли на некој друг?

И токму затоа треба да биде внимателен во радоста секој што добил моќ на овие избори. Реална или ограничена. Затоа што вистинската моќ, е како таа ќе биде искористена. За да се види зошто била чекана и дали била дочекана. И какви обврски и одговорности следат со неа. Веројатно дадени и ветени и “внатрешно” и “надворешно”. Иако, сите сакаат наративот да биде перцепиран како вистина, вистината е дека контролата на пораките не може да ги замени процесите кои се одвиваат. И кои неминовно водат преку уставните измени. Кои беа оставени “за после изборите”, кои туку што поминаа.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.