Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избрана в.д. шефица на местото од Коцевски – тоа  е обвинителката Тополова-Исајловска?

0
By Zoran Ivanov on December 22, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 22, 2025 11:54

Обвинителката Анита Тополова-Исајловска е именувана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Совет на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата.

Тополова-Исајловска во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во обвинителството се протега повеќе од една деценија и пол.

Предлогот за Топалова – Исајловска дојде од членот на Советот Кети Петкова, која рече дека ја предлага од принципиелни причини со оглед на тоа дека таа е заменик-обвинител подолг период.

Името на Топалова – Исајловска не е многу познато во јавноста, но се споменуваше пред некоја година, кога како републичка обвинителка од Врховен суд бараше да падне предметот „Талир“, кој сè уште се суди во два дела, а меѓу обвинетите е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Таа бараше Врховен да го укине решението со кое се одобрува обвинението во случајот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Нејзиното образложение кое не го прифати Врховниот суд беше дека обвинението за овој предмет било поднесено во ноември 2018 година, а обвинителите на СЈО имале рок тоа да го сторат до 30 јуни 2017 година. Таа ги проблематизираше и доказите од прислушуваните разговори и бараше врховните судии да му укажат на основниот суд. Врховниот суд го одби нејзиното барање, а предметите сè уште се судат.

Според медиумските архиви, во 2011 година, таа ја отфрлила кривичната пријава на „Транспаренси интернешнел“ против тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески за злоупотреба на службената положба и овластување, за упатство за распределба на пари за политичките партии. Таа е сопруга на поранешниот заменик-министер за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски.

Вршителот на должност јавен обвинител се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се определува од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство. Должноста ќе ја извршува до именување на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Анита Топалова – Исајловска за јавен обвинител првпат е избрана во 2009 година, во 2013 година преминува во Вишото јавно обвинителство, а три години подоцна е унапредена во републичка јавна обвинителка и станува заменичка на тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски.

Во јавноста, нејзиното име е познато и поради брачната поврзаност со поранешниот заменик-министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски.

Во 2016 година, истражувачката емисија 360 степени објави прилог во кој се поставуваше прашањето како брачната двојка Исајловски, со заедничка основна нето-плата од околу 2.300 евра, успева да сервисира месечни кредитни обврски од 2.200 евра и да живее со преостанати 100 евра месечно.

Во рамки на Јавното обвинителство, Тополова-Исајловска веќе неколку години раководи со одделението за меѓународна правна помош. Во полугодишниот извештај за 2021 година на канцеларијата за врски на Македонија со Европравда беше наведено дека, во речиси сите предмети по кои странски институции побарале информации преку јавната обвинителка за врски Ленче Ристоска, од Тополова-Исајловска не бил добиен повратен одговор.

вд избрана исајкловска обвинителка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

ВЕСТИ April 29, 2026

Цените на нафтата на светските пазари нагло скокнаа по веста дека Соединетите Американски Држави подготвуваат…

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.