Преку директен пренос на МРТ, кој тареше два и пол часа, беше извршено компјутерско рангирање на 1.600 апликанти кои ќе бидат вработени во државните институции и органи согласно огласот за вработување на лица од социјално ранливи категории објавен од ЈП „Македонски шуми“.
Како што изјави директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски тие уште утре писмено ќе бидат известени за резултатите од конкурсот. Останатите имаа право на жалба во рок од осум дена.
Пријавени се повеќе од 20.000 лица. Избраните ќе бидат првично вработени во ЈП Македонски Шуми, потоа дел од нив ќе останат работа во ова јавно претпријатие, а другите ќе бидат преземени во други институции.
Министерот Ставрески рече дека големиот интерес на некој начин бил очекуван и дека тоа ја отсликува состојбата на пазарот на труд.
„Токму затоа и процентиално определивме поголем дел од лицата да бидат со ниско или средно образование, затоа што тие потешко наоѓаат работа. Целта ни беше, сепак, да ја запазиме социјалната компонента“, рече Ставрески.
Лицата кои нема да бидат избрани од софтверот ќе имаат можност за жалба до Второстепена комисија, како и право да поведат управен спор. Лицата, пак, кои ќе се најдат меѓу 1.600-те првично ќе бидат вработени во ЈП „Македонски шуми“, а потоа дел од нив ќе останат на работа во ова јавно претпријатие, а другите дел ќе бидат преземени во други институции согласно нивните потреби за што методологијата ја изработува Министерството за информатичко општество и администрација.




