Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избрано раководството на партијата на Стевче Јакимовски, ГРОМ

0
By Нова ТВ on October 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 20, 2013 14:54

Владо Поповски, поранешен министер во Владата на Република Македонија е избран за претседавач на Централниот одбор на Граѓанската опција на Македонија. Ова едногласно го изгласаа членовите на ЦО на ГРОМ на денешната прва, Конститутивна седница на која се бираа раководните функции и тела на новата партија, соопштува оваа партија.

Членовите на Централниот одбор на денешната седница, која се одржа во Бизнис салата на Скопски саем, ги избраа и потпретседателите и секретарот на партијата. Од четирите можни потпретседатели беа избрани тројца и тоа Мавие Мехмети, професор по албански јазик, задолжена за ресорот општествени прашања, д-р Тодор Чепреганов професор по историски науки, задолжен за политички систем и м-р Горан Анчески задолжен за економските прашања.

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски најави именување и на четврт потпретседател на партијата кој дополнително ќе се избере до крајот на годината, а чиј ресор ќе биде работа со меѓународни организации и логистика и политичко дејствување.

Виктор Цветковски, адвокат од Куманово е првиот секретар на Граѓанската опција за Македонија кој ја доби апсолутната поддршка начленовите на Централниот одбор на денешната Конститутивна седница.

Инаку денеска беше избран и Извршниот одбор на ГРОМ, главното раководно тело, кое брои 21 член и тоа: Никола Георгиевски, дипломиран економист,Штерјо Николов, дипл.инжињер агроном,Тодор Чепреганов, проф. д-р по историски науки, Оливер Ромевски, магистрант по меѓународни односи и дипломатија, Чедомир Саздовски, доктор по кинезиологија, Стевче Алушевски, м-р по спорт и спортски менаџер, Виктор Цветковски-адвокат,Панчо Минов, дипломиран политиколог и правник, Горан Анчевски, м-р по бизнис администрација, Златка Стамболиска-Поповска, м-р по економски науки, Мавие Мехмети проф.по албански јазик, Шебаљ Прешова доктор по стоматологија, Ѓоко Менковски стопанственик, Ѓорѓи Чакарјаневски, проф. д-р по историски науки, Соња Срефановиќ м-р по мировни студии, Љупчо Пренџов магистрант по меѓународна политика, Светлана Трбјевиќ-доц.д-р по социјална работа и социјална политика, Сенчо Нетков, д-р по медицински науки, Татјана Стојановска-Иванов, проф.д-р по социологија, Владимир Котевски, професор по медицински науки и Владо Поповски, магистрант по комуникологија наПравиот факултет при УКИМ.

Образложувајќи ги предлозите за највисоките политички функции на ГРОМ, лидерот на партијата Стевчо Јакимовски на денешната седница на Централниот одбор ги образложи критериумите по кои се предложени овие кандидати меѓу кои се нивната ангажираност во формирањето на ГРОМ, мултиетничкиот карактер на партијата, како и спојот меѓу луѓе кои прв пат влегуваат во политиката и искусни кадри кои досега биле активни на македонската политичка сцена.

„ Искуството заедно со желбата и ентузијазмот кај овие луѓе, рече Јакимовски се клучни во натамошниот период во ширење на идејата на Граѓанската опција за Македонија, во визијата за попросперитетна и поуспешна Македонија, која треба да допре до што поголем број на граѓани во државата, а со тоа ГРОМ да се етаблира високо на политичката сцена и во власта на претстојните избори“, соопштува ГРОМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.