Најмалку 13 луѓе, меѓу кои жени и деца, загинаа во два одвоени напада на израелската армија -ИДФ врз цели во Појасот Газа, соопштија денеска палестинските медицински претставници.
Еден од нападите бил извршен врз училиште претворено во засолниште, во населбата Туфах, на истокот од Појасот Газа, а во тој напад загинале најмалку шест луѓе, соопшти палестинското Министерство за здравство, наведувајќи дека меѓу загинатите се двајца локални новинари, една бремена жена и едно дете, пренесуваат американските медиуми.
Во вториот напад на ИДФ загинаа уште седум луѓе кога бил погоден шатор со бегалци во градот Кан Јунис, во јужниот дел од окупираната палестинска енклава, соопштија официјални лица од болницата Нашер, додавајќи дека меѓу загинатите има две жени и едно дете.




