Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити ги демантираше написите во неколку медиуми и портали кои ја пренесоа веста на порталот „Алмакос“ и ги отфрли како невистинити.
„Мојот стил на делување во политиката, веќе од основањето на ДУИ во 2002, на моите пријатели и симпатизери им е познат и знаат дека овој случај не е вистинит. Демократијата не го познава ултиматумот како алатка, особено нашата партија, кадешто јас јавно сум ги изнел моите ставови, веќе познати на јавноста,“ напиша Меџити на Фејсбук.
Претходно, „Алмакос“ објави дека Меџити дал ултиматум до партијата до 15 јуни да ги избрка Бујар Османи и Артан Груби од Владата и од ДУИ, во спротивно „ќе се соочи со независни кандидатури за градоначалници во Сарај, Чаир, Кичево и Тетово.