Пожар на дива депонија избувна вечерва на патот од скопската населба Шуто Оризари кон Визбегово, но набрзо е изгаснат, информира командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Ѕвонко Томески.

Како што информира Томески, опожарени се бакарни кабли и поради тоа се шири таква непријатна миризба и чад.

На пожарот интервенирале две противпожарни возила со пет пожарникари, а моментно се работи на расчистување за да не се запали повторно.