Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна“ утворо избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита била примена во 4:55 часот. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески изјави дека пожарот за кратко време бил ставен под контрола, целосно е изгаснат и не е дозволено да се прошири во останатите објекти во кругот на фабриката.

Нема повредени, но причинета е материјална штета.

Томески информира дека по дојавата веднаш се упатени девет противпожарни возила со 20 пожарникари, а станувало збор за магацински простор во кој била складарна пластика за натамошна рециклажа.

„Карактеристично е што во кругот на фабриката и во објектите немаше функционална хидрантска мрежа“, потенцира командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.