Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгласана завршната сметка за Буџетот за 2016 година

0
By Нова ТВ on July 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 92 гласа „за“, без воздржани и против, Собранието попладнево во рамки на осмата седница ја донесе завршната сметка на Буџетот за 2016 година, што практично претставува еден вид попис на парите потрошени од Буџетот предвиден за претходната година.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението наведе дека вкупните приходи на Буџетот се реализирани во износ од 169,3 милијарди денари, а расходите во износ од 185,4 милијарди денари, поради што буџетскиот дефицит изнесува 16,1 милијарда денари, односно 2,7 проценти од БДП.

– Треба да учиме од грешките од минатото и да не дозволиме тие да се повторат, рече Тевдовски, кој вети дека на крајот на мандатот Македонија ќе има завршна сметка како Данска.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за време на денешната расправа во реплики и контра-реплики посочија дека претходната Влада трошела домаќински, зголемила плати, пензии и социјалната помош, а редовно биле исплатувани и субвенциите.

Ставот на пратениците од СДСМ, искажан вчера е дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не водела сметка за приватниот сектор и за подобар и подостоинствен живот на граѓаните.

Буџет 2016 Завршна сметка Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.