Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгласани измените на Законот за акциза

1
By Нова ТВ on November 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради работа на матичните комисии, Собранието со задоцнување од околу два часа по редовната пауза, попладнево  ја почна расправата за осум предлог-закони кои треба да се донесат по скратена постапка во рамки на 22-та седница.

Без расправа беше изгласан Законот изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување. Во досегашниот тек од 22-та седница е донесен и Законот за изменување на Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување со кои, како што образложи министерот за финансии Драган Тевдовски, се предвидуваат три промени за да се обезбеди непречено остварување на правата на земјоделците од социјално осигурување.

Првата е натамошно задржување на постојната дефиниција индивудуален земјоделец. Второ – стапките по кои се пресметуваа и плаќаа социјалните придонеси да останат како и досега и да не се менуваат, со што ќе се овозмои фискален баланс на буџеот во делот на приходите, и трето – највисоката месечна основица за придонеси на плати да се зголеми од постојните 12 просечни плати на 16 просечни плати, а по однос на највисоката месечна основица за уплата на придонесите на самовработено лице износот од осум просечни плати ќе се замени со 12 просечни плати.

Собранието го изгласа и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со кои акцизата на дизелот се предлага да  се зголеми за 3 денари по литар, односно од сегашните 12,1 денар да биде 15,1 денари по литар.

Во расправата, Тевдовски рече дека препораките на ЕУ се акцизата на дизелот да изнесува 0,33 евроценти и дека со новата цена што се предлага од  0,26 евроценти  во Македонија таа повторно ќе биде најниска во регионот. Исто така, рече тој, ЕУ ова го препорачува и заради намалување на загадувањето што го предизвикуваат овие горива, а со овие измени ќе се остварат и дополнителни приходи во буџетот.

–   Паралелно ќе се оди и со зголемување на акцизата за истиот износ (три денари) за црвената нафта, бидејќи ако се зголеми расходот помеѓу дизелот и црвената нафта може да придонесе кон поголеми злоупотреби, пред се кај црвената нафта, рече Тевдовски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со оваа мерка се оптоваруваат граѓани. Крсто Мукоски рече дека над 70.000 домаќинства имаат возила на дизел и дека новата цена на дизелот ќе ја осетат и транспортните претпријатија и земјоделската механизација.

– Ова е непопуларна мерка, буџетот се полни со капитални инвестиции и со привлекување странски инвститори, порача Мукоски. Љупчо Димовски додаде дека оваа одлука ќе повлече и зголемување на цената на храната.

Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека Собранието ќе продолжи да работи и по 18 часот, но бидејќи Владата не се изјаснила по амандамните кои се поднесени на законите за кои денеска расправаа матичните комисии, како што се Законот за пензиското и инвалидското осигурување, измените на Законот за судскиот совет на РМ, измени и дополнувања на Законот за заштита на сведоци и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување одговорност за судија, сите по скратена постапка, Собранието ја започна расправата по Предлогот за именување Јавен обвинител на Република Македонија, исто така по скратена постапка.

закон за акциза закон за земјоделска дејност Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.