Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгласани измените на Законот за работни односи- опозицијата против

0
By Нова ТВ on December 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2013 13:00


Собранието на Република Македонија денеска во рамки на продолжението на 77. седница ги донесе измените на Законот за работни односи.

Опозицијата не ги поддржа измените затоа што смета дека тие се на штета на работниците и претставуваат кратење на нивните права. Со измените, според опозицијата, му се дава право на работодавачот една година по направениот прекршок да го избрка работникот за нарушен ред и дисциплина.

„Законот за работни односи е закон кој што треба навистина многу внимателно да се разгледува и многу внимателно да се пристапува кон измени, затоа што навистина овој закон претставува еден системски закон, системски во однос на материјата која ја уредува, кој ги регулира прашањата на правата на обврските на работниците, на работодавачите, на синдикатите, на сите оние кои што учествуваат во процесот на трудот“, рече од говорницата Цветанка Иванова од СДСМ.

„Без посебна анализа, без посебно мислење иако има потреба од тоа, без мислење од економско- социјалниот совет, без да се прашаат работниците, без да се прашаат синдикатите, владата пристапи на измени на овој закон со тоа што во одредбата која што се однесува на застареност за престанок на работен однос или за извлекување на дисциплинска мерка, престанок на работен однос, рокот за застареност го продолжи со предлогот, замислете од 3 на 18 месеци во првичниот предлог и од 6 на 3 години единствена причина или единствено образложение на прашање на опозиција зошто го прави ова, беше краток одговор дека работодавачите побарале од владата да се измени овој закон затоа што имале проблем во работењето.

– Погледнете што се случи синоќа, јас на своите очи не можев да верувам за Порцеланка- Велес. Упорноста на работниците, да си го докажат своето право како слугата и Ернеј и неговото право, по 5 години да добијат судска пресуда благодарение на некој судија кој што навистина одлучува по закон и пропис, министерството за труд и социјална политика и владата да си го претвори во сопствена заслуга, замислете 5 години голгота на овие вработени, наместо уште првиот момент да му биде признато правото за паричен надоместок и да бидат технолошки вишок?“, истакна Иванова.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека решението што се предлага е разгледано на Економско-социјалниот совет во кој членуваат и работодавачите и синдикатите.

– Најдовме решение кое беше прифатено од двете страни, нагласи Ибрахими.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.