Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгор цени за студенти, попуст за професори на Правен

0
By Нова ТВ on March 25, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 25, 2013 13:41

Откако беше реновирано бифето на Правниот Факултет, цените на храната и пијалоците се вивнаа до таван. Студентското кафе чини 50 денари, храната е барем за 30 % поскапа од слични вакви објекти низ Скопје.

Студентите се револтирани, но немаат голем избор, по пет часа минати на предавања, мора да се хрaнат во единственото бифе кое се наоѓа на факултетот. Скапо е, велат тие, но мора да купуваат храна и кафе.

За да биде иронијата уште поголема, цените за професорите во истото ова бифе се поевтини. Иако од Факултетот, кој ја дал концесијата за бифето на приватник, негираат дека професорите плаќаат помалку, според професорот Ванчо Узунов, ова не се точни тврдења.

„Да се согласувам дека за нас професорите  е полесно да се справуваме со цените на производите кои се нудат во бифето. Колку што сум информиран цените се за нас нешто пониски во однос на цените кои ги плаќаат студентите“, посочува Узунов.

Како професор по економија, тој сепак објаснува дека ако студентите го бојкотираат бифето, тогаш цените ќе  мора да паднат бидејќи сопственикот  нема да има друг избор.  Тој истакнува дека,  факултетот треба да поведе повеќе сметка за овој проблем бидејќи бифето држи монопол над храната во овој простор.

„ Деканатот би можел да “го замоли“ газдата да ги спушти цените, но тој не мора да послуша, или пак, може да условува со евентуално намалување на киријата што тој му ја плаќа на факултетот. Но, што може да произлезе од тоа …останува да се види. Јас не би бил премногу амбициозен“, појаснува Узунов.

Од деканат, пак ни изјавија дека цените во бифето не ги гледаат како голем проблем.

„Во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ постои студентски ресторан кој како закупец просторот го добија на јавен тендер од 10 понудувачи. Условите за добивање на просторот беа цените да се пониски во однос на сличните бифеа-ресторани во градот. Одредени цени мислам дека соодејствуваат со економските можности на студентите, а определени цени мислам дека се превисоки“, стои во писмениот одговор од Борче Давитковски, декан на Правниот Факултет.

Најави за намалување на цените во бифето засега нема. Со бифето на Правен стопанисува фирмата „Бифе Пауза“, а договорот за закуп истекува на крајот од оваа календарска година. Оттука се чини уште една година студентите ќе плаќаат изгор цени за храна и кафе.

Симона Ристевска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.