Најмалку 90 луѓе биле хоспитализрани, а голем број се евакуирани поради пожар од Норвешко село Лердал, познато по добро зачуваните дрвени куќи од 18 и 19 век. Во пожарот, кој избувнал синоќа и многу брзо се проширил, целосно изгореле триесетина куќи, но нема жртви.
Во гасењето на пожарот помагале и фармерите, со цел да го спасат своето село Лердал во кое живеат 1150 луѓе, а кое се наоѓа на фјордот Соњефјорд.
Селото Лердал е светски познато по тоа што целосно е изградено од дрво. Црквата и сите останати објекти се направени од дрво, и се стари повеќе стотици години. Лердал беше вистинска атракција за туристите.