Четири бараки спроти Средното техничко училиште во Гостивар изгореа до темел. За среќа , освен материјална штета нема човечки жртви во несреќата или повредени.

Осумте семејства кои живееле во бараките сега се без покрив над главата. Пожарот прво се појавил во 5 часот утрово во една од бараките но набрзо се раширил низ сите четири објекти.

Институциите работат на расветлување на случајот и на причините што довеле до пожарот.