Еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија „Успение на Пресвета Богородица“ на локалитетот Трескавец, близу Прилеп денеска беше зафатен од пожар.

Во гаснењето на пожарот покраj граѓаните, кои со теренски возила и пешки пристигнале до манастирот, биле вклуени и хеликоптерите на АРМ.

За нецели два часа изгореле сите четири конаци на манастирот. Причините се се уште не познати.

Ова е трет пожар во историјата на манастирот, кој датира од 13 век. Манастирот горел пред 23 години кога изгорел до темел.

Манастирот се наоѓа на десетина километри од Прилеп и содржи византиски фрески. Го посетуваат планинари, туристи и верници посебно на 28 август, за празникот Богородица.