Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изградбата на гасоводот е најприоритетен проект од соработката помеѓу С Македонија и Грција

0
By Biljana on February 11, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија и Грција ќе ја унапредуваат економската соработка.

Република Северна Македонија и Грција со заеднички чекори ќе работат на унапредување на економската соработка и трговската размена, како и заштита на инвестициите. Ова е заклучокот од средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-министерот за економска дипломатија на Република Грција Костас Фрагогијанис, кој е во посета на земјава.

На средбата, како што информираат од Министерството за финансии, биле истакнати приоритетните проеки на кои се работи меѓу двете земји, во областа на инфрастуктурата и енергетиката, напредокот во активностите за потпишување билатерален договор за поттикнување и реципрочна заштита на инвестициите и договор за одбегнување на двојното оданочување, како и за процесот на пристапување на РС Македонија во ЕУ.

„Владата на С Македонија презема активности за реализација на проектот за изградба на интерконективниот гасовод до Грција проценет на 57,8 милиони евра и за што веќе се обезбедени средства од Европската инвестициска банка во износ од 28,9 милиони евра, од ВБИФ се добиени грант средства во износ од 9,9 милиони евра кои ќе бидат искористени за финансирање на градежните работи, а грант средства во износ од 2,6 милиони евра ќе бидат наменети за техничка помош во спроведувањето на проектот подобрување на
комуникацијата и видливоста на проектот, како и евалуација и ревизија на проектот. Преостанатите 16,5 милиони евра ќе се обезбедат од ЕБОР за што Владата во наредниот период ќе поднесе посебен Предлог-закон за гаранција“, се вели во соопштението од Финансии.

Проектот за изградба на гасоводот бил посочен како еден од најприоритетните проекти со стратешко значење за нашата земја, а неговата реализација, според соговорниците, ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со енергија, пред се во индустријата, што ќе придонесе за обезбедување забрзан и одржлив економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Исто така, со финансиски средства од ИПА фондовите во тек е проектот за модернизација на граничните премини меѓу РС Македонија и Грција, кој ќе придонесе за поголема функционалност, забрзан проток и зголемен квалитет на услугите за корисниците на граничните премини.

Инаку, трговската размена со Грција бележи раст од 48,7 проценти за периодот јануари – ноември 2021 во однос на истиот период минатата година, со остварена вредност од 838,8 милиони евра. Странските директни инвестиции од 2011 до сега изнесуваат 152,4 милиони евра.

Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.