Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изградбата на новиот Клинички најавена за септември, допрва се бара финансиер

0
By Менче Атанасова Точи on July 4, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 4, 2019 16:22

Физибилити студијата најавена дека ќе биде готова до крајот на мај, се уште не е готова, додека Министерството тврди дека бара потенцијален финансиер на проектот или начинот на финансирање 

Германската компанија „Обермеар “ најверојатно ќе го изработува главниот проект за изградба на Клинички центар, неофицијално тврдат извори за НОВА. Според информациите до кои дојде НОВА,  Министерството за здравство наводно потпишало договор со германската фирма за изработка на  главниот проект, откако претходно, австриската агенција за здравство АХАСЕ почна со изработка на бесплатна физибилити студијата, а беше најавуван и потенцијален изведувач од Австрија.

Нашите извори велат дека наводно договорот со германската компанија ќе биде потпишан, а германската фирма веќе побарала помош од италијанската архитектонска компанија што го проектираше претходниот проект за нов Клинички во кругот на постојниот кампус. Неа ја имаше ангажирано екс министерот Никола Тодоров и за неа се врзуваа низа скандали со изградба на болници во Италија, во минатото.

Од Министерството за здравство велат дека реализацијата на новиот Клинички центар и сите негови фази – од потреба, преку идеа, анализи, концепти, проектирање и комплетна реализација, подразбира сериозен и одговорен пристап на комплексен организациски систем сочинет од различни структури и системи од општеството, не само од Министерството за здравство.

„Во моментов во фаза на изработка е Физибилити студијата поврзана со проектот “Нов Универзитетски Клинички Центар во Скопје“ која е договорена на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава. Очекуваме Националната Агенција на Австрија – АХЦ (Austrian Health Care Systems & Engineering GmbH) да нѐ извести формално кога ќе бидат готови со конечната изработка“

Од ресорното Министерство велат дека тоа значи дека „ниту станува збор за избрани проектанти, ниту пак за почеток на реализација на било која фаза од изведбата на проектот“.

„ Во моментот, од активни процедури, во тек е законски утврдена постапка за избор на потенцијален финансиер на проектот или начинот на финансирање. Како надлежно Министерство, навремено ќе ја информираме јавноста за сите следни конкретни чекори кои произлегуваат од законите и процедурите поврзани со реализацијата на овој проект од висок национален интерес“, објаснуваат од Министерство.

На почетокот на јуни министерот Филипче, на националниот сервис се пофали дека изградбата на новиот Клинички Центар ќе започне во септември годинава. Според него станува збор„ за ултра модерна болница за комплексни здравствени услуги“. Тој рече дека се чека конечната физибилити студија од експерти според која ќе бидат побарани средства, односно кредит за да започне изградбата.

Новиот Кличники центар според најавите ќе биде со површини од 100. 000 метри квадратни, со 1.300 кревети, со пристапни услуги до пацинетите.

Дали навистина австриската фирма ќе се замени со германска како што се шпекулира, засега останува нејасно.

Во почетокот на мај, Владата информираше дека до крајот на месецот ќе се знае почетната финансиска конструкција за изградба на новиот клинички центар по завршување на физибилити студијата и доколку се исполни планираната динамика неговите темели ќе се стават до крајот на годинава.

Физибилити студијата ја изработуваше АХАСЕ, австриската агенција за здравство, во согласност со меморандумот меѓу австриското Министерство за техника и нашето Министерство за здравство како бесплатна техничка помош.

„Студијата ќе биде завршена до крајот на мај и ќе се знае точната финансиска конструкција која во текот на времето може да претрпи измени. Тоа што две недели порано го иницираме процесот значи дека нашите институции во овој период ќе се обратат до меѓународни финансиски организации и банки за изразување интерес“, изјавија тогаш од Владата.

Појаснија дека биле задолжени Министерството за финансии и Министерството за здравство да изготват барање за изразување интерес за заем до финансиски институции и билатерални кредитори и странски комерцијални банки за финансирање на изградбата на новиот Клинички центар.

НОВА на почетокот на февруари објави дека Клиничкиот центар најверојатно нема да се гради со кредит од Банката на Советот на Европа и дека се преговара со австриската компанија која би го градела грандиозниот објект.

При посетата на Австрија на владина делегација на чело со премиерот Заев било разговарано за ова со челниците на компанијата. Од друга страна пак, од компанијата побарале гаранција од австрискиот канцелар Себасијан Курц дека нашата Влада ќе го почитува договореното според условите кои ги договарале за тие да го градат Клиничкиот центар.

Премиерот Заев се сретна и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а беше и негов почесен гостин на Виенскиот бал по што изјави дека добиле конкретна понуда за влез на австриска компанија за изградба на Клиничкиот центар.

„Веќе добивме една конкретна понуда која што дома ќе ја разгледаме, за австриска компанија и нејзин влез во инвестициите на Клиничкиот центар, преку евтино финансирање од страна на Австрија, со дополнителен грант, кој што ќе ги намали севкупните трошоци за инвестирање во самиот Клинички центар.Деталите ќе ги добиеме на писмено за да може да се исконсултираме со опозицијата, со стручните луѓе, со експертите. Верувам дека тоа ќе даде можност за брза постапка за самата реализација на Клиничкиот центар“, изјави тогаш премиерот Заев.

Во јавноста се говореше дека најверојатно тоа ќе биде со готов проект бидејќи е неизводливо до крајот на годината да се подготви главен, идеен проект и физибилити студија.

Во исто време треба да се направи и Урбанистички план од страна на Општина Горче Петров, а потоа и Проектна програма.

Министерот Филипче досега не објасни дали за новиот Клинички центар ќе има тендер, кој ќе го гради и со кои пари ќе се финансира изградбата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.