
Ерол Ризаов: Мислам дека би било добро на скопскиот аеродром да се приреди голем пречек за нашите „гурбетчии“ во Америка кои само за неколку дена направија крупни зделки за добро на татковината. Од американските милијардери ќе се слеат милиони долари инвестиции во Македонија. Претседателот Трамп веќе ја запре помошта што ја дава Америка на многу држави, ама Македонија вечна ќе има посебен статус на три кафени лажичиња дневно додека не застане на нозе. Ете тоа е големиот успех на единствената висока делегација од регионот предводена лично од премиерот кој беше, или не беше поканет, сеедно. Линк