Излегување на партијата на Трифонов од бугарската влада значи дека се случуваат сериозни работи во позадина, вели вели поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
„Не би имал ваков настап Трифонов, штом нема некакви најави. Ова не е сценарио што е изненадување за бугарскиот премиер, туку е нешто што се работи како план Б или Ц. Вечерва ќе изразам поголем оптимизам отколку повеќе аналитичари овој период. Не правам непрактичен обид, туку мислам има сериозни обиди“, вели тој.
Според него, изјавата на Петков дека е спремен да раководи со малцинска влада, покажува дека се повеќе се приближуваме до денот кој ќе донесе одлука и се надевам ќе биде позитивна.
Партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“ се повлекува од бугарската влада, а како една од причините е Македонија и обидите за кревање на ветото.