Највисока излезност од 25,84% до 11 часот е регистрирана во општина Новаци, а следува Крива Паланка со 20,40%, додека пак најниска излезност е забележана во општина Врапчиште од 4,92%, информираа од ДИК.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска истакна дека на одредени избирачки места не функционирале фингерпринт апаратите поради две причини – лошо ракување и лош квалитет на базата на податоци.

-Во однос на прекините на избирачките места, доколку прекинот траел помалку од еден час гласањето продолжува нормално и ќе заврши до 19 часот. Доколку траел од еден до три часа ќе се продолжи гласањето за онолку за колку што траел прекинот, а ако гласањето е прекинато повеќе од три часа гласањето нема да продолжи, но таков случај немаме евидентирано, изјави Гугучевска.