Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на модни дизајни инспирирани од францускиот писател Молиер

0
By Нова ТВ on October 17, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 17, 2022 09:24

Во главниот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, под мотото „Ние сме УКИМ, ние сме едно семејство“, вечерва во 19 часот ќе бидат презентирани модни дизајни на студентите од Технолошко-металуршки факултет – Институт за дизајн и инженеринг на облека.

Изложбата на дизајни насловена како  „МОЛИВЕРЗУМ/MOLIVERS“ се реализира во соработка со Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ во Скопје и Францускиот институт во Скопје.

Оваа изложба е остварување на првата фаза од еден амбициозен и обемен проект, чијшто добитник и носител е Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, по објавениот интерен конкурс за распределба на средства за културни, спортски активности и други манифестации на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје, за оваа година.

Втората фаза вклучува наградно патување на студентите и нивна изложба/инсталација во Париз.

Третата фаза ќе биде презентација и декорирање на излогот на Францускиот институт во Скопје.

Целокупната реализација на проектот е под менторство на професорките Лидија Георгиева, Ирина Бабамова и Снежана Петрова.

За инспирацијата во креирањето на модните дизајни, студентите го земаа големиот француски писател Молиер. Годинава се одбележуваат јубилејни 400 години од раѓањето на Молиер.

„Читајќи ги Тартиф, Мизантроп или Дон Жуан, согледавме дека светогледот на Молиер е актуелен и денес во нашиот универзум/метаверзум. Тоа нè охрабри да замислиме како би изгледале неговите ликови денес, со користење на модерната технологија, а со тоа на еден оригинален начин да го одбележиме и јубилејот од неговото раѓање“, вели професорката Лидија Георгиева.

Во рамките на настанот, од фондот на НУБ ќе бидат изложени и две витрини со избор од творештвото на Молиер.

 

изложба УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
ФОКУС
December 30, 2025

Москва: Поради украински дронови големи делови од градот останаа без струја

ВЕСТИ December 30, 2025

Масовен прекин на електричната енергија го погоди Московскиот регион оставајќи стотици илјади жители без струја,…

Трамп: Уништивме голем магацин – САД извршија копнен напад врз Венецуела  

December 29, 2025

Сведочења: Судењето за дискотеката „Пулс“ денеска

December 29, 2025

Трамп по средбата во Флорида: Донбас останува “трнлива тема“

December 29, 2025
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.