Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба за архитектурата во Југославија

0
By on June 10, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Музејот на град Скопје, по повод 50 години од земјотресот во Скопје, вечерва ќе биде отворена изложбата „Недовршени модернизации: помеѓу утопијата и прагматизмот“ .

Изложбата е финале на двегодишниот истоимен проект, реализиран од Здружението на хрватските архитекти од Загреб; Орис куќа на архитектурата од Загреб, Музејот за архитектура и дизајн од Љубљана, Уметничката галерија од Марибор, Здружението на архитектите од Белград и Коалицијата за одржлив развој – КОР од Скопје. Проектот, реализиран во рамките на европската програма Култура 2007-2013, претставува иницијатива за долгорочна истражувачка платформа за архитектурата и урбаното планирање на просторите на поранешна Југославија, создавани во периодот од почетокот на заедничката социјалистичка држава до денес, гледано низ призмата на еден поширок социјален, политички и културен контекст.

Преку изложбата се претставени карактеристичните архитектонски и урбанистички практики од периодот на социјализмот во однос на општествениот контекст во кој тие настанале, но и нивниот сегашен изглед и карактер. Опфаќајќи ја целокупната работа на истражувачите од Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и од Словенија, изложбата, освен со естетските и технолошките достигнувања на архитектонските и на урбанистичките проекти, се занимава и со општествената перспектива на процесите што влијаеле врз развојот, постоењето и распадот на Југославија. Релевантноста на избраните проекти се оценуваше врз основа на придонесот на тие достигнувања во обликување на јавната сфера. Една од целите на проектот беше и да го преиспита општото (и меѓународно прифатеното) верување за периодот на урбаната модернизација во поранешна Југославија и да ја промовира различноста на културните идентитети во регионот.

Кустоси на изложбата се Мароје Мрдуљаш и Владимир Кулиќ, а ко-кустоси на изложбата во Скопје: Дивна Пенчиќ, Јасна Стефановска.

Изложбата ќе биде отворена до 30 јуни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.