Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Измени: И нотарите и извршителите ќе поднесуваат анкетни листови

0
By Нова ТВ on August 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нов состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), менување на условите за именување претседател и членови на Комисијата, како и проширување на нејзините надлежности, се дел од измените и дополнувањата на Законот за спречување на корупцијата што од денеска се ставени на јавна расправа.

Основната цел на измените на Законот, како што посочи на денешната прес-конференција министерката за правда Рената Дескоска, е зајакнување на ефикасноста и независноста на ДКСК и постигнување поефикасна превенција и борба против корупцијата.

– Се воведуваат нови надлежности на ДКСК со кои се предвидува Комисијата да ја следи и утврдува законитоста на финансирањето на политичките партии. Во случај на постоење на сомневање за незаконито финансирање на политичка партија, ДКСК по сопствена иницијатива ќе презема мерки за утвдрување на фактичката состојба, истакна министерката за правда.

Следната надлежност на ДКСК, како што рече Дескоска, ќе биде контрола на финансиско-материјалното работење во предметите по кои постапува, по извештаите на Државниот завод за ревизија за контрола на постапките кои укажуваат на незаконитости во материјално-финансиското работење на буџетски корисници.

– Законските измени предвидуваат годишна контрола на имотната состојба на претседателот и членовите на ДКСК, а се проширува и кругот на лица чија имотна состојба ќе поднесуваат анкетен лист до оваа Комисија, појасни Дескоска.

Во контекст на тоа, министерката за правда додаде дека, покрај сите избрани и именувани, одговорни лица во јавни претпријатија, со измените се предвидува и нотарите и извршителите да поднесуваат анкетен лист до ДКСК и УЈП и изјава за откажување од банкарска тајна.

Таа рече дека членовите на ДКСК во однос на финансиското работење подлежат на контрола од Државниот завод за ревизија, како и сите други институции.

Со законските измени се менуваат условите за именување претседател и членови на ДКСК, како и постапката за избор на Комисијата.

– Предвидено е ДКСК да биде составена од претседател и четири члена, кои ги именува Собранието на РМ со мандат од пет години, без право на повторен избор во наредните пет години, рече Дескоска.

Измените на Законот од денеска се ставени на јавна дебата, а следната недела, како што рече министерката Дескоска, ќе биде организирана и тркалезна маса, по што очекува што поскоро законот да биде пратен во Собранието на РМ.

Познат е профилот на идните членови на Антикорупциската комисија

 

закон за антикорпција измени јавна расправа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.