Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Измените на Изборниот законик поминаа во прво читање

0
By Нова ТВ on February 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 26, 2013 18:16

Собранието на Република Македонија денеска на итна седница го донесе Предлог-законот за измена и дополнување на Изборниот законик во прво читање, со кој се определува дополнителен рок за поднесување листи за кандидати за советници и за градоначалници за локалните избори до 3 март (недела) заклучно со 00:00 часот.

По полчасовната пауза дадена на барање на ДПА материјалите со измените на Изборниот законик да им се поделат на пратениците на албански јазик, за Предлог измените гласаа сите 66 присутни пратеници. Согласно одлуката на Собранието за измените попладнево треба да расправаат матичните собраниски тела – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Измените во второ читање треба да бидат донесени во рамките на итбата 56-та седница која ќе продолжи во 17:30 часот.

Министерот за правда Блерим Беџети претходно образложувајќи го предлогот истакна дека со него Владата настојува да се задоволи уставното начело дека секој има право да избира и да биде избран.

– Централната власт односно локалната власта во Република Македонија својата легитимност ја добива од граѓаните на Република Македонија кои преку непосредни, фер и демократски избори ги избираат своите преставници. Највисок демократски чин во едно општество преставува правото на глас кое истотака е и уставно загарантирано право. Од тие причини, а со цел правото на граѓаните да можат да бираат и да бидат бирани во органите на власта го предлагаме овој Предлог закон, рече Беџети.

Предлог измените се најдоа во Собранието откако Владата на Република Македонија на денешната седница ги усвои по итна постапка. Гордана Јанкулоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција соопшти дека овој чекор е направен врз основа на досегашните принципиелни ставови на ВМРО-ДПМНЕ водејќи се од позициите за заштита и промоција на граѓанските, државните и национални интереси, како и за реализација на евроатлантските интеграции на државата.

Таа истакна дека како начин за надминување на политичките предизвици кои се во корелација со СДСМ, а во насока на овозможување на решение вчера ВМРО-ДПМНЕ и официјално предложи утврдување нов рок за доставување на листите за советници и за градоначалници.

Согласно овој предлог, појасни Јанкулоска, во овој рок сите политички партии ќе можат да ги достават листите, а можноста би се однесувала само за овие локални избори.

– Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик кој Владата веќе го усвои по итна постапка исто така по итна постапка е испратен во Собранието каде што треба да се одлучува по него. Нашиот предлог сега има законска форма, а по усвојувањето од Собранието ќе има и законска сила, изјави Јанкулоска.

Со ова, според неа, ВМРО-ДПМНЕ покажува конкретен чин кој значи соодветен законски и прецизен модел за надминување на предизвиците и обезбедување потполна заштита и промоција на државните и национални интереси.

Андреј Петров, секретар на СДСМ, како одговор на денешниот предлог за нивно учество на локалните избори даден од страна на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека „Сојузот за иднината“ не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време за кандидатски листи, туку заради целосната неодговорност на власта.

Пратениците на власта, посочи тој, планираат во Собранието, да донесат измени на Изборниот законик.

– Соопштувањето на овие погубни политики Никола Груевски им ги додели на Ставревски и Јанкуловска кои беа извршители на бркањето опозициски пратеници на црниот понеделник, рече Петров.

Тој потсети на предлогот даден од Бранко Црвенковски, во име на здружената опозиција: „ако на локалните избори советничките листи на Сојузот за иднината освојат барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори“.

Во меѓувреме, СДСМ за вечерва со почеток во 19 часот закажа седница на Централниот одбор во седиштето на партијата.

ДУИ и ДПА соопштија дека ги прифаќаат предложените измени на Изборниот закон.

ДУИ и ВМРО-ДПМЕ ги повикаа опозициските партии кои ја бојкотираат работата на Собранието да се вратат во законодавниот дом и заеднички да бидат донесени измените на Изборниот законик.

Локалните избори во Македонија се закажани за 24 март.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.