Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Измените во Кривичниот законик ќе влијаат на случаите на СЈО

0
By Соња Петрушевска on December 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку бидат изгласани измените на Кривичниот законик кои се веќе во собраниска процедура, според информции на НОВА, од кривично гонење можат да бидат ослободени обвинетите во случаите Тендери и Трезор. Измените на Кривичниот законик можат да влијаат и врз жалбената постапка на веќе обвинетите во „Тенк“.

Во случајиот „Тендери“ е обвинета екс министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, во „Трезор“ се обвинети Сашо Мијалков Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ. Во „Тенк“ се веќе осудени Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

Со измените на Кривичниот законик кои се ставени на дневен ред на денешната собраниска седница се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години. Тој гласи:

„Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе  или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“.

Сега се менува на „4 години“.

Измени се предлагаат и во членот 353 за злоупoтреба на службената положба и овластување.

„Службено лице кое со пречекорување на службените овластувања  ќе прибави за себе некаква корист, ќе се казни со затвор од 6 месеци до три години“. Сега зборот „некаква“ се менува со „имотна корист“.

Во Собранието заседава пратеничката група на СДСМ која одлучува дали измените на КЗ ќе се повлечат или не.

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека од Владата не се доставени измени на КЗ. Измените што се во собраниска процедура се поднесени од пратеници од СДСМ и од ДУИ.

Пратеничката од независната пратеничкта група Нола Исмајлоска Старова рече дека измените нема да значат „губење“ на случаите на СЈО.  Канческа Милевска пак, не сакаше да ги коментра измените и рече дека првпат слуша дека се предлага такво нешто.

СЈО не го интересираат и не е вклучен со меѓупартиските преговори за измена за членот 353 од Кривичниот законик, изјавија од СЈО за ТВ 24.

Измената на членот 353 Кривичниот законик беше споменато и во контекст на лидерските средби што се одржуваа летоска во контекст на референдумот за Договорот со Грција како услов за членството во НАТО и ЕУ. Тогаш неофицијално се споменуваше дека ВМРО ДПМНЕ предложило измени на овој член за намалување на казните за  „злоупотреба на службената положба и овластување“. Од ВМРО ДПМНЕ демантираа дека бараат амнестија, а од власта тогаш порачаа дека избегнување кривична одговорност е неприфатливо.

 

КЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.