Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ бара помали казни за „злоупотреба на службената положба“

3
By Соња Петрушевска on July 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 20, 2018 18:14

Измените на Кривичниот Законик со кои би се овозможило дел од поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ  да избегнат кривична одговорност е неприфатливо за власта.  Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска од Приштина порача  дека „во вакви моменти, не смееме да мислиме на својата партија и политичка кариера и еден историски процес, како што е референдумот, да биде условуван со кршење на принципот на одговорност“.

„Мислам дека е страшно ако кој било политички фактор во Македонија се плаши од волјата на граѓаните, а референдумот е соочување со волјата на граѓаните. Мислам дека е уште пострашно ако соочувањето со волјата на граѓаните го поткопуваме со важни принципи. Македонија се разбуди од еден кошмар на неказнивост и принципот на одговорност е поважен дури и од овој. Не може ваков историски процес да биде условен со кршење на принципот на одговорност“, рече Димитров.

Неофицијално, ВМРО ДПМНЕ бара измени на Кривичниот законик во членот 353 за намалување на казните за  „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според партиските експерти на опозицијата, овој член од Законот „прешироко го дефинира поимот службено лице и овозможува и одговорни лица во политичките партии да се сметаат како службени лица, иако политичките партии не се државни органи“.

Исто така, сметаат  дека не е прецизирано за колку „висока имотна штета се предвидени повисоки казни“.

Измени се предлагаат и во членот 165-а кој се однесува на„ злоупотреба на средства за финансирање на изборни кампањи“, а во кој се предвидува и конфискација на незаконски обезбедените средства.

Барањата за измени во Кривичниот законик, ВМРО ДПМНЕ ги доставила во вторникот, кога во посета на Македонија беше еврокомесарот Хан, а Владата поднесе до Собранието измени на Изборниот закон, со кој предложи избор на ДИК со 61 глас.

Намалувањето на казните кои сега 5 години затвор, во власта се толкува како начин за побрзо застарување на делата, па дел од оние кои СЈО ги води, а се сторени од 2011 до 2015 година, тоа би значело дека би можеле да застарат до крајот на  годинава. Доколку бидат прифатени измените, околу 11 случаи на СЈО можат да завршат како застарени пред за нив воопшто да има пресуда.

Во најголем број од случаите на СЈО, обвинетите се осомничени и се судат токму за „злоупотреба на службената положба“. Со измените на Кривичниот законик, екс функционерите би биле заштитени и  од нови истраги, како што е на пример случајот „Талир“ за кој СЈО се уште води истрага, а во кој се осомничени 11 лица од поранешното раководство на партијата за незаконско финансирање на партијата и незаконско купување на седиштето на партијата.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека „апсолутно е неточно дека ВМРО ДПМНЕ бара и преговара за амнестија. ВМРО-ДПМНЕ единствено за што се залага е подобрување на законските решенија и применување на европските пракси“, велат од опозицијата.

Премиерот Заев по вчерашната лидерска средба изјави дека „компромиси нема за стратешките цели на РМ НАТО и ЕУ. Амнестија директна или индиректна нема“ , а претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека „не се разговарало за амнестија и дека не треба да се дозволи да се манипулира со јавноста“.

Заев и Мицкоски се согласија дека ќе дадат уште една шанса на дијалогот и ќе повтоно ќе разговраат во недела навечер или во понеделник наутро. Оваа средба се најавува како последен обид за компромис меѓу власта и опозицијата пред истекот на последниот рок за распишување на референдумот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.