Стефанос Циципас приреди сензација на Австралија опен. Грчкиот тенисер (14 носител) успеа да слави над Роџер Федерер со 6:7, 7:6, 7:5, 7:6 во меч што траеше три часа и 50 минути.
Федерер имаше добар сервис (67 отсто). Првиот освои 79 отсто од поените, по вториот беше на 61 отсто. Спаси 2 од три брејк ситуација за разлика од Гркот кој не дозволи да загуби гем на негов сервис во сите 12 ситуации во кои се најде. Но, Швајцарецот на крај плати за големиот број на непринудени грешки (55).
Циципас во наредното коло ќе игра со Шпанецот, Роберто Баутиста Агут (22 носител).