Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека со своите коментари новиот ирански претседател го покажал вистинското лице. Хасан Рохани го нарече Израел рана која мора да се отстрани. Рохани, кој и официјално ќе ја превземе претседателската функција во недела, ја даде забелешката пред новинарите за време на прославата на деновите на Кудс во Техеран.
„Зионистичкиот режим со години е рана на телото на исламскиот свет и раната треба да биде отстранета“ изјавил претседателот на Исламската република. Претходно, неговиот претходник Махмуд Ахмадинејџад рече дека наскоро ќе се случи регионална бура која ќе го искорени Израел.