Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

0
By Zoran Ivanov on August 25, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти.

Меѓу загинатите е и снимателот на „Ројтерс“, Хусам ал-Масри.

Фотографот Хатем Халед, исто така поврзан со „Ројтерс“, беше ранет во вториот напад, кој се случи додека спасувачите и новинарите брзаа кон местото на првиот удар.

Очевидци изјавија дека нападите следувале по пристигнувањето на спасувачите и медиумските екипи на местото на првиот напад.

Еден спасител бил меѓу загинатите, а здравствените службеници ги идентификувале новинарите Маријам Абу Дага, Мохамед Салама и Моаз Абу Таха.

„Асошиетед прес“ потврди дека меѓу убиените во израелските напади врз болницата „Насер“ е и нивната колешка, 33-годишната новинарка Маријам Дага.

Во соопштението тие велат дека Дага често известувала од болницата и дека нејзините последни статии биле за неисхранети деца во Газа.

„Асошиејтед прес“ е шокиран и тажен од веста за смртта на нашата колешка Маријам Дага заедно со неколку други новинари во Кан Јунис. Маријам редовно известуваше од болницата ‘Насер’, а нејзината работа вклучуваше моќни приказни за гладот ​​и за неисхранетоста кај децата. Таа работеше за ‘Асошиетед прес’ и за други медиуми. Правиме сè што можеме за да ги заштитиме нашите новинари во Газа додека тие продолжуваат да донесуваат витални сведоштва од терен“, се вели во соопштението на агенцијата.

Израелската војска (ИДФ) издаде соопштение по нападот врз болницата.

Началникот на Генералштабот нареди што е можно побргу да се спроведе почетна истрага. Израелските одбранбени сили жалат за сите невини жртви и не ги таргетираат новинарите како такви. Војската дејствува за да ја минимизира штетата врз невините, а воедно да ја одржува безбедноста на израелските сили, се вели во соопштението.

Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година повеќе од 240 палестински новинари се убиени во израелски напади, според Палестинскиот сојуз на новинарите, како што објави „Ројтерс“.

 

газа Израел новинари убиени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.