Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е примен во болница, каде врз него ќе бидат направени испитувања на гастроинтестиналниот тракт, пишува весникот „Jerusalem Post“.
Додека Нетанјаху е во болница, неговите функции привремено ќе ги извршува министерот за надворешни работи Авигдор Либерман.
Минатата недела израелскиот премиер беше прегледан во клиниката Хадера. Тој страдаше од главоболка и имаше симптоми на настинка.