На територијата на Република Северна Македонија во текот на вчерашниот ден санкционирани се 422 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
– Од нив, 32 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 238 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезебеден сообраќај.