Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на ЕК: Недостигот на финансии го попречува напредокот во јавното здравство

0
By Нова ТВ on May 29, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 29, 2019 16:21

Недостигот на финансиски средства продолжува сериозно да го попречува спроведувањето на политиките во јавното  здравство. Повеќе од една третина од сите здравствени услуги граѓаните ги плаќаат од својот џеб, што укажува на тоа каков е квалитетот на здравствената заштита и создавање на социјални разлики меѓу луѓето, се вели во Извештајот на ЕК , за напредокот на РС Македонија.

Во Извештајот се вели дека се воспоставени национални регистри за ретки болести, но потребни се соодветни средства за третман, а дефиницијата кои болести спаѓаат во ретки треба да се усогласи со меѓународните стандарди.

„Финансирањето и пристапот до специјалисти за лекување на ретки болести е ограничено и нетранспарентно и е оставено на здруженијата и граѓанските организации или на семејствата“, се потенцира во Извештајот на ЕК, за напредокот на државата.

Исто така, не се доволни ниту финансиските средства за скрининг на рак. Националните и регионалните регистри за рак кои беа направени  треба да обезбедат квалитетни податоци за нивото на инциденца од малигни заболувања, како и средствата и третманот кои се потребни за да се обезбеди соодветно лекување и превенција. Сепак, извештаите за регистрите се јавно достапни, се вели во Извештајот.

„Не постои национална програма за карцином на градите и скрининг програма за рак на грлото на матката. Протоколите за рак на дојка и грлото на матката се направени, но сепак треба да бидат одобрени и имплементирани. Правата на пристап до скрининг  треба  да бидат подобрени, така што сите подобни пациенти во релевантните целни групи да имаат пристап до скрининг“, стои во Извештајот на ЕК.

Не се преземени сериозни мерки за здравјето на граѓаните од загадувањето, освен препораката да се носат маски и совети за луѓето од ризичните групи, да се избегнува излегување на отворено за време на периоди на високо загадување на воздухот.

Што се однесува до македонското јавно здравство предвидени се Измени во Закон за здравствена заштита, најавено е зголемување на платите и подобрена политика на задржување на здравствените работници во земјата. Сепак, голем дел од медицинскиот персонал продолжува да ја напушта земјата. Проблем останува несоодветна употреба на софистицирана медицинска опрема. Укажувањето е дека податоците од е-медицинските регистри треба да се користат соодветно во креирање на политики.

Не е постигнат напредок во однос на правата на пациентите во прекуграничната здравствена заштита, односно не е усогласена соработката во делот на здравствената заштита со другите земји. Слично на минатата година, националната легислативата за лекови останува делумно усогласена.

„И понатаму останува праксата лековите преку ФЗОМ за пациентите да се достапни само во првите денови на месецот. Земјата  треба да воведе дополнителни мерки за да се обезбеди правилна проверка на квалитетот и следливоста на лековите кои се од паралелен увоз,  односно лекови купени во други земји по поевтина цена“, стои во Извештајот на ЕК.

Во Извештајот е наведено дека во однос на епидемијата на сипаници која е прогласена во декември 2018 година,  Министерството за здравство има преземено чекори за контрола на ситуацијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на кампања за вакцинација.

Во Извештајот е потенцирано дека за Ромите е потребен подобрен пристап до здравствени услуги во заедницата, како и повеќе финансиски средства за лекување на лица со тешка физичка и интелектуална попреченост.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.