Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на ЕК за влијанието на кризата врз земјите на Западен Балкан – како стои Македонија

0
By Нова ТВ on January 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пад на домашниот бруто производ од 4,9 отсто, стапка на невработеност од 17,3 отсто и инфлација од 1,2 отсто се процените за македонската економија за минатата година што ги објави во петокот Европската комисија во нејзиниот редовен квартален извештај за земите кандидати и потенцијалните кандиддати за членство ов ЕУ. Поголем пад на БДП се проценува дека лани имала Албанија (минус 6,8 отсто, и Црна Гора (минус 14,3 отсто), а помал Србија (минус 1,8 отсто и Турција (минус 2,5 отсто).

Во делот посветен за Северна Македонија, се нотираат сите клучни економски случувања минатата година и нивниот ефект врз кризата. Така, меѓу другото се вели дека Парламентот го одобри Буџетот за 2021 година кој се заснова на проектирани 4,1 отсто раст на реалниот БДП и предвидува дефицит од 4,9 отсто од БДП. Приходите се очекува да се зголемат за 8,3 отсто, а расходите за 2,1 отсто.

„На 18 ноември, ММФ го заврши редовниот преглед според Член IV. Фондот ја пофали владата за брзите активности во борбата против кризата од КОВИД-19, што помогна да се одржи макроекономската и фискална стабилност“, се вели во делот од извештајот посветен на нашата земја, при што се укажува и на фискалните ризици што произлегуваат од недостиг на буџетски приходи. Исто така се нотира и потврдувањето на рејтингот на земјата на ББ + од страна на Fitch Ratings, со негативен изгледи, при што се додава дека кохерентната макро и фискална политика и доброто управување се меѓу предностите кои го поддржуваат рејтингот, додека на негативната страна се ризиците кои произлегуваат од влошување на динамиката на јавниот долг, како и слабиот раст на продуктивноста.

 

Иако економската активност беше намалена и во третиот квартал, засилената поддршка на домаќинствата и компаниите, ударот од кризата КОВИД-19 беше помалку остар отколку во претходниот квартал, се вели меѓу другото во извештајот.

Во однос на регионот, се нагласува дека разорните ефекти од ковид кризата врз економиите на Западен Балкан стивнаа донекаде во третиот квартал на 2020 година, кога БДП на регионот падна за 4,5 отсто на годишно ниво, по падот од 9,3 отсто во претходниот квартал. Притоа се ддодава дека инвестициите закрепнаа и забележаа раст на годишно ниво во некои земји, додека падот во потрошувачката на домаќинствата и извозот беше помалку изразен отколку во претходните три месеци.

Дефицитот на тековната сметка во регионот дополнително се зголеми на 7,2 отсто од БДП во четирите квартали до септември, највисоко ниво од вториот квартал на 2013 година, како резултат на континуираните силни загуби во услугите и извозот, како што е туризмот, како и, во некои случаи, намалувањето на приливот на дознаки.

Падот во вработеноста продолжи во третиот квартал, иако со побавно темпо отколку во претходните три месеци, се вели во извештајот, но се нагласува дека стапките на невработеност не се влошија повеќе благодарение на мерките за поддршка на работните места, но исто така и поради намаленото учество на пазарот на трудот.

Големата фискална поддршка за домаќинствата и компаниите во борбата против неповолното влијание на кризата, во комбинација со значителен пад на приходите, резултираше со нагло зголемување на буџетскиот дефицит во првите единаесет месеци. Заедно со падот на БДП, ова доведе до значително зголемување на односот на јавниот долг кон БДП во сите земји во споредба со крајот на 2019 година, констатира Европската комисија.

Во третиот квартал минатата година, годишната контракција на БДП попушти во речиси сите земји од Западен Балкан во споредба со претходниот квартал. Во Србија, реалниот БДП беше помал за 1,4 отсто, по остриот пад од 6,3 отсто во вториот картал, како резултат на поумерениот пад на домашната побарувачка, додека нето-извозот продолжи да се има силно негативно влијание на растот.

Во Албанија, падот на БДП беше умерен до 3,5 отсто на годишно ниво, од 10,2 отсто, главно што беше резултат главно на закрепнување на растот на инвестициите по неодамнешниот земјотрес. Падот на извозот остана остар и во голема мера се должи на продолжените ограничувања за патувањата.

Исто така, во Северна Македонија, економската контракција „омекна“ на 3,3 отсто годишно, што следуваше по падот од 14,9 отсто во претходниот квартал, што беше резултат на силниот скок на инвестициите, помалку стрмниот пад на потрошувачката кај домаќинствата, како и позитивниот придонес на растот на јавната потрошувачка.

 

Во Босна и Херцеговина, годишните загуби на производството забавија на 6,3 отсто во третиот квартал 2020 година, како резултат на падот на потрошувачката на домаќинствата, инвестициите и извозот кој беше помалку изразен отколку во претходниот квартал. Во Косово, рецесијата исто така „попушти“ до реална контракција на БДП од 7,5 отсто на годишно ниво, за што придонесоа падот на увозот на стоки и услуги, како и зголемената јавна и приватна потрошувачка (поддржана од повисоки дознаки и социјални трансфери), а од друга страна со континуиран пад на туристичките услуги и на инвестициите. Во Црна Гора, која е многу зависна од приливите од туризам, реалниот БДП падна за 26,9 отсто годишно по веќе силната контракција од 20,3 отсто во претходниот квартал, што најмногу се должи на понатамошниот колапс на извозот (туризам) и натамошниот, иако помал, пад на инвестициите.

Генерално, во третиот квартал од 2020 година, реалниот БДП во земјите од Западен Балкан се намали за 4,5 отсто годишно, по падот од 9,3 отсто во претходните три месеци, се вели во извештајот.

Во однос на случувањата на пазарот на трудот, во изештајот на ЕК се посочува дека тие биле во согласност со опаѓањето на економската активност, но и дека падот во нивото на вработеност беше забавен.

Просечниот годишен пад на вработеноста во регионот беше 1,4 отсто во споредба со 4,2 отсто во вториот квартал.
Загубите на работните места придонесе за зголемување на стапката на невработеност на годишно ниво во некои земји (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија), додека во други (Северна Македонија) истовремениот пад во учеството на работната сила доведе до пониски стапки на невработеност. Со стапки на невработени од 9,0 отсто во Србија до 27,2 отсто во Косово (во вториот квартал на 2020 година), ситуацијата пазарот на трудот станува се попредизвикувачка во контекст на кризата предизвикана од пандемијата, се вели, меѓу другото, во извештајот на ЕК.

извор: независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.