Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на Стејт Департментот: Високата корупција и натаму проблем

0
By Нова ТВ on March 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 11, 2020 21:25

Генерално основните човекови права на граѓаните во Македонија биле почитувани изминатата година, но американскиот Стејт Департмент во својот извештај за 2019 година посочува на ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет, високата корупција и насилството врз припадниците на ЛГБТ заедницата.

Сепак, како што се наведува во извештајот, домашните и меѓународните групи за човекови права генерално работеа без ограничување на владата, објавувајќи ги нивните наоди за случаи на човекови права. Владините претставници честопати беа подготвени да ги слушаат овие групи, но понекогаш исто така не одговараа на нивните ставови.

Во извештајот се вели дека во земјата има законски казни за корупција на службените лица и финкционерите, но иако Владата генерално го спроведува законот, сепак, има случаи на функционери кои се вклучени во корупција. Невладините организации укажале дека доминантната улога на владата во стопанството создава услови за корупција, затоа што „владата е најголемиот работодавач во државата“.

Во однос на корупцијата се цитира и делот од извештајот на Европската комисија во кој се вели дека земјата има „одредено ниво на подготовка“ и „постигнат е добар напредок преку натамошно консолидирање на учинокот за истражување, гонење и судење на случаи на корупција на високо ниво и измени во законодавна рамка“. Во извештајот се истакнува и дека назначувањето на новата Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 8 февруари беше потранспарентно од порано и се истакнуваат чекорите преземени од страна на комисијата за проактивна борба против корупцијата.

Во извештајот на Стејт Департментот, сепак, се заклучува дека за разлика од порано Владата повеќе ја почитува судската независност и дека има продобрувања со оглед на пресуди по случаи на СЈО. Се споменува случајот „Рекет“ и притворањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за „злоупотреба на службената положба“. Нотирана е и тригодишната казна затвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во случајот  „Титаник 2“. Судот, се додава во извештајот, го осуди и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи на три години затвор; поранешни членови на Државната изборна комисија на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски на три години затвор; и членот на ДПА Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци затвор за злоупотреба на службената должност.

Во делот на тортурата, исто така, се цитира извештајот на ЕК во кој се забележува дека владата се осврнала на препораките на Комитетот за борба против тортурата, што доведува до подобрувања во спречувањето на тортура и малтретирање. Лошите услови во полициските станици, установите за социјална заштита и психијатриските институции остануваат проблеми.

Регистриран е напредок во областа на медиумите, иако се потребни напори за саморегулација. Забележана е и слабата независност на медиумите и насилството и заканите кон новинарите. Нема напредок во подобрувањето на работните и социјални права на новинарите, чии работни услови се многу лоши. Новинарите сè уште практикуваат самоцензура, се вели во извештајот.

ЛГБТИ заедницата останува маргинализирана, а скопското обвинителство останува неефикасно во процесуирањето на постоечките случаи на говор на омраза и напади против припадници на оваа заедница, се вели во годишниот извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија за 2019 година.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.