Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 74. седница на чиј дневен ред е Извештајот на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година.
Пред пратениците се и повеќе предлог закони од областа на финансиите, правдата, социјалата, земјоделството.
Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година по скратена постапка, предлог законите за медијација, за изменување и дополнување на Законот за вештачење, за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход и за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, сите во прво читање, Предлог законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на законите за пасишта, за земјоделското земјиште и за социјалната заштита, ова дел од дневниот ред.




