Си-Ен-Ен го објави извештајот за климатските промени на Светската организација кој го публикува вчера во него се алармира на потребата за што позабрзано транзитирање кон обновливи извори на енергија како што се сонцето и ветерот. Еве што меѓу другото содржи извештајот. 

– Светот се грижи за нивоата на глобалното затоплување што ќе предизвика неповратни влијанија, се вели во најновиот, како што е наречен „историски“ извештај на Обединетите Нации, но ние веќе ги имаме решенијата – единственото нешто што не спречува да ги искористиме е политичката волја и статус-кво интересите за фосилните горива.

Третиот и последен дел од шестиот извештај на Меѓувладиниот панел на ОН за климатските промени, објавен вчера, покажува како обновливите извори на енергија како ветерот и сонцето сега се економски поисплатливи и стануваат поевтини од ден на ден.

Но, иако фокусот на решенијата му дава на извештајот оптимистички тон, тој исто така служи како потсетник за тоа колку политиките заостануваат далеку зад науката, технологијата, па дури и зад економијата.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го нарече извештајот „омаж од неисполнети ветувања“ и „досие на срам, засилувајќи ги празните ветувања што нè оставаат на патот кон еден свет во кој не може да се живее“.

„Поротата донесе пресуда. И тоа е проклетство“, рече Гутереш. „Ние сме на брз пат кон климатска катастрофа“, додаде тој.

Доколку светот не ги зајакне своите политики кон обновливите извори на енергија, глобалното затоплување би можело да го надмине прагот од 1,5 степени Целзиусови на кој предупредуваа научниците и да надмине 3 степени до крајот на векот, велат научниците во извештајот. Планетата е веќе околу 1,1 степен потопла од прединдустриските нивоа.

Извештајот е објавен додека голем дел од светот се бори со енергетската криза што ги зголеми цените на енергијата. Војната на Русија во Украина, исто така, поттикна неколку земји, особено во Европа, не само да го одвикнат рускиот извоз на фосилни горива, туку делумно да ги заменат со повеќе обновливи извори на енергија.

Ветерот и сонцето сега се економски поисплатливи замени за фосилните горива

Цената на ветерот и сончевата енергија драстично се намали во изминатата деценија и сега се конкурентни на јагленот и гасот при производството на електрична енергија, покажува извештајот. Во некои контексти, овие обновливи извори на енергија се дури и поевтини од фосилните горива.

Многу земји го зголемија бројот на инсталација на турбини на ветер – и на соларни панели, без разлика дали се на згради или во огромни соларни фарми кои можат да напојуваат цели заедници.

Големите продавници би можеле да помогнат во намалувањето на емисиите и да заштедат милиони со поставување на соларни панели на покривите. Зошто повеќе од нив не го прават тоа?

Количеството на електрична енергија произведена од обновливите извори рапидно расте. Неодамнешниот извештај на климатскиот тинк-тенк Ember покажа дека светот лани генерирал рекорд од 10% од произведената енергија од ветер и од сонце. Меѓународната агенција за енергија во неодамнешниот извештај прогнозира дека капацитетот за обновлива енергија ќе порасне за над 60% до 2026 година споредбено со нивото во 2020 година.

Додека ветерот и сонцето сега се конкурентни на јагленот и природниот гас за енергија, сè уште има огромни трошоци за инсталација што ја зголемуваат нееднаквоста на транзицијата на обновливите извори на енергија, се вели во извештајот. Поради таа причина, многу земји во развој – особено во глобалниот југ – заостануваат во прифаќањето на соларната и ветерната енергија.

Во размислувањата за вчера објавениот извештај, некои земји во развој ги повикаа богатите нации да префрлат повеќе пари на Глобалниот југ за да му помогнат да ја плати транзицијата, информираат извори запознати со разговорите. Тие земји тврдат дека богатите нации се историски поодговорни за климатските промени и дека треба да преземат повеќе од финансискиот товар.

Треба да ги отфрлиме фосилните горива – и тоа брзо

За да се ограничи затоплувањето на 1,5 степени, па дури и на 2 степени, енергетските системи во светот мора брзо да се декарбонизираат, велат авторите на извештајот. Прекинувањето на субвенциите за фосилни горива, исто така, може да ги намали емисиите до 10% до 2030 година.

Извештајот е објавен откако беше предмет на маратонски разговори меѓу глобалните претставници кои завршија во неделата вечерта за време на кои земјите што произведуваат фосилни горива се спротивставија на декларативниот повик да се прекине употребата на јаглен, нафта и гас во блиска иднина, информира извор запознат со текот на разговорите, јави  Си-Ен-Ен.

„Не можеме повеќе да работиме со нашите инфраструктури засновани на фосилни горива на начин на кој работевме“, рече Јан Кристоф Минкс, климатски истражувач и главен автор на извештајот, на прес-конференција. „Големата порака што доаѓа од тука е дека треба да ставиме крај на ерата на фосилните горива.

Поголемиот дел од преостанатите фосилни горива мора да останат во земјата за да се ограничи климатската криза под критичниот праг, покажува студијата.

До 2050 година, електричната енергија треба многу малку да придонесува во емисиите на стакленички гасови, се заклучува во извештајот. Ако светот изгради нова инфраструктура за фосилни горива, тогаш тој е во сериозен ризик зашто во тој случај не се верува  дека ќе биде стопирана употребата на јаглен, нафта и гас во наредните децении, што ќе ги поткопа напорите за спречување на глобалното затоплување.

Но, дури и продолжувањето со работа на постоечката инфраструктура за фосилни горива го става светот надвор од колосек за останување под 1,5 степени глобално затоплување.

Сите новоизградени проекти за фосилни горива ризикуваат да станат „заглавени средства“ или да бидат напуштени, се заклучува во извештајот, што носи огромен финансиски ризик. Проценетите загуби од „заглавената инфраструктура на фосилни горива“ се предвидува да бидат помеѓу 1 трилион американски долари и 4 трилиони долари, од 2015 до 2050 година, во услови светот да го ограничи глобалното затоплување на 2 степени.

Ќе мораме да цицаме CO2 од воздухот

Додека ги намалуваме емисиите, научниците од извештајот велат дека треба да започнеме и со отстранување на јаглеродниот диоксид (CO2) кој веќе е во воздухот.

Отстранувањето на јаглеродниот диоксид може да се постигне со садење дрвја и обновување на шумите и пасиштата, но еден научник вели дека мора да размислуваме подалеку од тоа. Некои критични шуми, поради човековата активност, веќе преминуваат од апсорпција на јаглерод диоксид кон негово емитување.

„Веќе користиме садење дрвја и преземање јаглеродна почва како технологии за отстранување на стакленички гасови, но тие се очигледно ограничени во опсегот“, рече Џо Хаус, климатски истражувач и главен автор на извештајот. „Има само толку многу земја и не можете да очекувате дека земјата ќе ги исчисти сите емисии на фосилни горива.

Некои компании развиваат машини кои во суштина дејствуваат како џиновски вакууми, извлекувајќи јаглерод диоксид од воздухот, но досега овие технологии функционираат во многу мал обем.

Друг начин да се постигне ова е оплодувањето на океаните, каде хранливи материи се додаваат во горните слоеви на водата за да се поттикне цветањето на планктони, кои апсорбираат јаглерод диоксид од воздухот. Тоа е докажано дека функционира, но методот не е доволно долго проучен за да се разбере дали несаканите ефекти (како што се отровните цветови на алги) може да ги надминат придобивките.

И покрај ограниченото истражување и технолошки развој, авторите на извештајот велат дека светот мора да отстрани што е можно повеќе јаглерод диоксид од воздухот – истовремено намалувајќи ги емисиите – ако затоплувањето треба да се ограничи на 1,5 или дури на 2 степени.

„[Извештајот] предвидува дека покрај тоа што ќе се насочи кон чиста енергија, ќе има можност и да се отстрани, преку различни средства, дел од загадувањето што е веќе во системот или што веќе се истура во системот сега “, изјави за Си-Ен-Ен Пит Огден, потпретседател на Фондацијата на ОН за енергија, клима и животна средина. „Особено јаглерод диоксидот, бидејќи е толку долготраен што за да го свртиме бродот, навистина треба да ги искористиме сите алатки што можеме.

Сечење на метанот е брз начин да се намали топлината

Најголемиот дел од климатските промени предизвикани од човекот доаѓаат од јаглеродниот диоксид, но метанот сочинува околу 20% од глобалните емисии на стакленички гасови и е вториот најголем придонесувач за климатските промени.

Гасот има повеќе од 80 пати поголема моќ на затоплување од CO2 на краток рок, а првиот дел од извештајот објавен минатата година покажа дека намалувањето на емисиите на метан е еден од најбрзите начини за намалување на топлината.

Научниците велат дека овој невидлив гас може да ја запечати нашата судбина на климатските промени

Емисиите на метан може да потекнуваат од инфраструктурата и од „рудниците“ на нафта, гас и јаглен. Тие, исто така, доаѓаат од депониите и земјоделските практики – и да, дури и од крави кои страдаат од  надуеност. Концентрацијата на метан во атмосферата сега е поголема од било кога во последните 800.000 години.

„ За да го минимизираме порастот на температурата, кој прогресира  навистина треба силно да ја повлечеме рачката за намалување на метанот“, изјави Огден зашто според него, „тоа давало краткорочна можност да се намали делот кој влијае за раст на температурите“.

Минатата година, Соединетите Американски Држави и Европската Унија ветија намалување на емисиите на метан за речиси 30% до крајот на деценијата. Оттогаш, околу 100 нации се приклучија на тоа ветување. Но, Кина како најголем светски емитер на стакленички гасови, сè уште не се приклучила.

Поединците би можеле да играат важна улога – но само со политичка поддршка.

Луѓето со децении користат фосилни горива за загревање домови, готвење храна и гориво за автомобили. Во текот на повеќе од еден век, фосилните горива станаа вградени во секој аспект од економијата и животот на луѓето до тој степен што тие често се единствената достапна опција.

Токму оваа голема зависност од јаглен, нафта и гас стои зад климатските промени, и затоа постои се поголемо разбирање дека вистинската промена мора да дојде од намалувањето на достапноста на фосилните горива, а не само од побарувачката.

Без поддршка за овие промени, влијанието на индивидуалните активности ќе биде скромно, покажува извештајот.

Луѓето или „немаат достапни технологии или не можат да си ги дозволат“, рече Хаус. „Значи, дел од ова се однесува на архитектурата на изборот, за ставање избори достапни за луѓето, за да можат да ги донесат одлуките што сакаат да ги преземат, но на одржлив и достапен начин.

Недостасуваат богатите светски финансиски придонеси

Стапката на финансирање на условите за забавување на климатските промени – пари што богатите земји ветија дека ќе им ги обезбедат на земјите во развој за справување со кризата – е забавена, според извештајот, додека финансирањето на фосилните горива останува високо.

Иако политиките за финансирање на климата се зголемија во текот на изминатите неколку години, извештајот покажа дека богатите нации мора да го зголемат протокот на пари кон нациите со ниски приходи над постојните 100 милијарди долари годишно ветени со меѓународните договори за климата.

Најнеразвиените нации, како и малите островски нации, историски гледано  придонесуваат со помалку од 0,5% од глобалните емисии на стакленички гасови, според извештајот, но сепак тие носат непропорционален товар од влијанијата на климатската криза.

Досегашните пари се наменети главно за намалување на емисиите на стаклена градина во тие земји. Повеќе од тоа, велат научниците, треба да оди кон адаптација – изнаоѓање начини да се живее со промената.

На климатските разговори COP26 во Глазгов, Шкотска, минатата година, земјите во развој се пожалија дека најбогатите земји во светот не успеваат да им помогнат финансиски, и покрај тоа што имаа негативна улога во предизвикувањето на кризата.

Мохамед Адоу, директор на тинк-тенк за климатска енергија Power Shift Africa, рече дека земјите во Африка ќе играат фундаментална улога во „одлучувањето дали светот ќе избегне катастрофални климатски промени или не“.

„Африка може да биде водечки пример за избегнување на емисиите со искористување на нашата изобилна енергија од ветер и сончева енергија“, изјави Адоу за Си-Ен-Ен иако ова не е вклучено во извештајот. „Ова ќе биде можно само со значителна финансиска поддршка и споделување технологија од побогатите нации чиишто емисии всушност  ја предизвикаа оваа криза.