Првиот шестмесечен извештај на Катица Јанева во кој се анализира нејзината работа, односно отворените истраги, предистражните дејствија, бројот на предмети и осомничени, финансиите, кадровската екипираност, но и опструкциите кои ги имаат при работата, денеска повторно е на на седница на Советот на јавни обвинители.
Претходно, претседателот на Советот, Петар Аневски посочи дека поради нејаснотии во Извештајот, бараат на седницата да присуствува обвинителката Катица Јанева.
Истовремено, по втор пат е презакажана седницата на собраниската Комисија за политички систем на чиј дневен ред е исто така Извештајот на СЈО. И членовите на оваа Комисија од ВМРО- ДПМНЕ бараат на неа да присуствува Јанева.
Од СЈО и во случајот со Советот на јавните обвинители и во случајот со собраниската Комисија посочуваат дека Јанева нема никаква обврска да присуствува на седниците на кои се разгледува Извештајот, ниту пак да го образложува, туку само обврска да го поднесе.




