Првичниот извештај за падот на малезискиот авион кој се урна во Украина ќе биде објавен во вторник на 9-ти септември.
Холандскиот Одбор за безбедност соопшти дека во извештајот ќе бидат изнесени сите информации и факти кои се засновани на достапни извори.
Според Одборот во тие извори спаѓаат сателитиските снимки, радарски податоци и снимки од црната кутија. Холандските истражители не биле на локацијата каде што падна авионот бидејќи се водеа борби меѓу украинските и проруските сили.
Се верува дека авионот е урнат додека летал на територија на под контрола на проруските сили. При падот на малезискиот авион на 17 јули погонаа сите 298 патници и членови9те на екипажот.

