Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извини Ајнштајн…

0
By Marija Todorovska on December 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 18, 2024 13:47
Нивните гласачи, сакаат да го гледаат само филмот кој им го прожектира власта на нивниот режим. Тие не гледаат други филмови, не читаат други писанија, не признаваат други мозоци, освен оние што им ги препорачуваат режимциве. Тие се спремни сто пути да гледаат ист филм кај што војводата вика “Сеа ќе видите како и кого ќе апсиме“, и стоилјади пути пак ќе гласаат за нив, и ќе подмочуваат у гаќи, ќе се мрсулават по биртии, ама нема да видат колку овие нивниве опљачкале. Оваа појава е феномен на глупавоста која ги разбија и теориите на Ајнштајн…

Борче Трајковски
Што друго можеше да се очекува од нив? Од ДПМНЕ и од Мицко, а да е различно од Љубчо и Грујо? Прецизно ја сортираа гласачката маса во Македонија и ги мавнаа во најосетливите нервни точки, ги попрскаа, ги парализираа за да не можат да мислат другачие, за да не можат да мислат со свој памет и со своја глава и секогаш занесени да гласаат за ВМРО, а всушност гласаат за најопасните арамии и антимакедонци, светлосни години позади нивното историско ВМРО. Гласаат за ДПМНЕ. Ниту еден од началствата бил ВМРО, ниту еден покажал дека е чесен и горд Македонец за национално обединување на Македонците. Напротив. Тие ќе аплаудираат и ќе се одушевуваат на богатството на Љубчо во категоријата на средно богат бизнисмен, на ордените кои им ги доделила МПЦ – ОА на браќата Мијалкови, на лагодниот живот на Груевски во Будим, на пратеничките позиции на Николовски лигњата, на Милошоски, на директорската позиција на крлежот Пандов, на гнидата Ќорчев, на Коце жута чизма, на Бона Силванева, затоа што имаат многу подрска и поопасна замена во Дафина, заборавајќи во истиот момент дека станува збор за докажани неосудени по словото на законите апаши, туку по словото на некои си чудесни закони, со кои крадците на макдеонските пари и имоти, во договор со висока државна службеничка која требаше да ја штити државата од апаши, со име Вилма, се договорија кобајаги да одлежат минимални туристички затворски казни а приложените гаранции од 30 и кусур милиони евра, да ги нема, односно, ги има пак кај апашите, откако си ги откупија…
Не се тие грдни милиони нивни пари, сите се наши пари. Никој не се осмели да праша од каде им се тие пари и на осудените за приложените гаранции и на синовите за откуп на истите, а сите знаат, сите знаеме, само Вилма не знаеше и не ги праша за да дознае. Сите од првиот до последниов, од Љубчо до Мицко, со Вилми и без Вилми, се арамии во сржта на коските, лажни Македонци, и, да простите, ги заболе патка за “конгрес у Солун“, за “цела да е, вечна да е“, ги заболе за Македонија. Но, феноменот не е кај нив, туку кај нивните гласачи и подржувачи…
Посебно изразена сега во периодов кога МВР апси, расчистува криминални банди. Таа е посебна приказна која заслужува сериозен вселенски психоаналитички третман за да, колку толку, се дефинира…
Врз таа гласачка машина други немаат влијание. Со инка да им сипаат, џабе им е. Не ги опаметуе никој. А горниот од поодамна не престојува на оваа адреса . Паметен е севишниот. Зошто би арчел време и нерви за џабе, кога гледа дека Владиката го одликува најголемиот апаш во државава со орден за крипторство, кога најголемите апаши се договараат со судиите и обвинителите, кога премиери затвараат Специјални обвинителства, кога потерници распишуваат најокорелите апаши на македонската државна каса, кога македонските украдени пари се враќаат како заеми на кои жртвите ќе плаќаат и камати…
На луѓе кои забораваат дека периодот на владеењето на Грујо во апсолутна смисла на значењето на зборот беше РЕЖИМ, не им дотурај ум. Нема каде, нема место, нема простор. Се’ им е окупирано со ВМРО од страна на ДПМНЕ. Како иначе би можел да заборавиш дека у тој Љубчовистичко/Груевистички период имавме власти кои ги интересираше само профитот и личните бенефити и ништо друго. Режимот ги понуди благодетите од власта за неколку тајфи класифицирани партијски послушници кои у тие периоди натуткаа пари под јастуци, имоти и капитал тука и во странство, на имиња на синови, ќерки, мајки и шваљерки, на штета на сите, исцедувајќи ја државната цицка ко дрчни пунолетни телиња. Кога велам на штета на сите, буквално мислам на сите. Љобчо го продолжи бранковизмот, Грујо Љбчовизмот, Заев го измеша бранковизмот со груевизмот, Таче е тивка лакома шупелка која во стилот на сељачка дрчност ќе дрпне неколку милиони евра и ќе верува дека никој не го видел, додека Мицко ја продолжува оваа транзициска трагедија, е обична тралалајка, капак од старо тенџера кое служи како чинела на оној од Будим, за да означи КРАЈ со ТУШ…
Џабе ни е што им ги повторуваме сеопшто познатите факти, како звуците од познатите “бомби“, тие ќе те отераат у триста лепе пизде материне, ќе те стаат пред ѕидчињата за отстрел, на коклицата под јамката на бесилката, ќе те прогласат за шпион, предавник и пак ќе гласаат за нив извикувајќи пароли од типот “цела да е, вечна да е“, “конгрес во Солун“, “гасна комора за шиптарите“, “сапун од циганите“, “смрт за комуњарите“. Ги заболе патка дпмнеовците дека началствата им од типот на Љубчо, средно богат бизнисмен во транзицијава, на Грујо и братучедот кои преминаа во грабеж на милијарди евра од мкд касата. Џабе…
Нивните гласачи, сакаат да го гледаат само филмот кој им го прожектира власта на нивниот режим. Тие не гледаат други филмови, не читаат други писанија, не признаваат други мозоци, освен оние што им ги препорачуваат режимциве. Тие се спремни сто пути да гледаат ист филм кај што војводата вика “Сеа ќе видите како и кого ќе апсиме“, и стоилјади пути пак ќе гласаат за нив, и ќе подмочуваат у гаќи, ќе се мрсулават по биртии, ама нема да видат колку овие нивниве опљачкале. Оваа појава е феномен на глупавоста која ги разбија и теориите на Ајнштајн…
Извини Ајнштајн…
Од Фејсбук ѕидот на авторот
Ајнштајн Борче Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.